Копчињата за ослободување ISOFIX може да се ослободат самостојно,
со што им се дозволува на рачките за заклучување ISOFIX да се
приспособат независно.
4. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (6) од основата онолку
колку што се отвораат.
5. Поставете ја основата (7) на соодветно седиште во возилото.
6. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (6) во точките за
закотвување ISOFIX (8) сè додека не се заклучат во соодветната
позиција и не слушнете звук на закопчување. Бојата на двата
индикатори ISOFIX (9) ќе се измени од ЦРВЕНА во ЗЕЛЕНА.
7. Проверете дали основата е добро прицврстена, обидувајќи се да ја
извлечете од точките за фиксирање ISOFIX (8).
8. Турнете ја основата (7) кон наслонот за грб на седиштето на возилото
сè додека не се порамни целосно со наслонот за грб.
Движењето на основата од една на друга страна, исто така ќе
придонесе за нејзино подобро прицврстување на наслонот за грб на
возилото.
9. Притиснете го копчето за приспособување на потпорната ногалка (10)
и извлечете ја ногалката сè додека не го допре подот на возилото.
10. Повлечете ја потпорната ногалка (4) нанадвор до следната позиција за
фиксирање за да обезбедите оптимално пренесување на силата.
11. Индикаторот на потпорната ногалка (11) ќе стане ЗЕЛЕН кога
потпорната ногалка ќе се постави правилно на подот на возилото и
кога ќе престанете да го слушате предупредувачкиот звучен сигнал.
12. Поставете го седиштето за автомобил на основата (7).
13. Седиштето за автомобил е фиксирано во правилна позиција кога ќе
слушнете звук на „ЗАКЛУЧУВАЊЕ".
14. Проверете дали индикаторот за заклучување на седиштето (12) на
MK
основата е ЗЕЛЕН.
ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО
1. За да го отклучите седиштето за автомобил од основата (7) повлечете
ја рачката за ослободување на седиште (13) нагоре.
2. Навалете го благо седиштето и подигнете го од основата (7).
3. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (6) на двете страни
притискајќи ти истовремено на копчињата за отпуштање ISOFIX (5) и
влечејќи ги наназад.
128
4. Извлечете ја основата (7) од точките за закотвување ISOFIX (8).
5. Отстранете ја основата (7) и турнете ги рачките за заклучување
ISOFIX (6) целосно наназад во нивните транспортни позиции.
6. Турнете ја наназад потпорната ногалка (4) во почетната позиција и
потоа преклопете ја за да заштедите простор.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Можете да го приспособите наслонот за глава (14) со помош на рачката
за приспособување на наслонот за глава (15) што се наоѓа во задниот
дел на наслонот за глава (14). Кога ја прилагодувате потпората за глава
осигурете дека излезите за појасот за рамо (25) се поставени на или
веднаш под висината на рамената.
ФУНКЦИЈА ЗА ВРТЕЊЕ
Повлечете ја рачка за вртење на седиште (16) на основата за да го
завртите седиштето за автомобил.
Пред да патувате, бидете сигурни дека седиштето за автомобил е
правилно заклучено во точна позиција и дека индикаторот за правец на
движење (17) покажува ЗЕЛЕНА боја.
Веднаш штом Вашето дете биде постаро од 15 месеци и повисоко од 76
cm, исто така може да се транспортира свртено нанапред. За таа цел,
поставете го копчето за контрола на правецот во горна позиција.
Автомобилското седиште може да се користи свртено наназад за
целиот опсег на големина на детето.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКА ПОЗИЦИЈА
За да го приспособите седиштето во лежечка позиција, притиснете ја
рачката за приспособување на позиција (18) што се наоѓа на предниот
дел на седиштето.
Ви препорачуваме да ја користите најрамната лежечка позиција за
деца кои сè уште не се способни да седат исправени самостојно.
Секогаш треба да бидете сигурни дека го слушате звукот на
заклучување на седиштето за автомобил кога го приспособувате, без
оглед дали се наоѓа во лежечка или исправена позиција.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Завртете го седиштето во позиција за влегување.