Descargar Imprimir esta página

MIRKA PS 1519 Instrucciones De Manejo página 124

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 53
mk
Општи безбедносни информации
Поради ваша безбедност и поради безбедноста на електричниот уред, обратете внимание на сите
делови од текстот кои се означени со овој симбол!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Читањето на инструкциите за управување ќе придонесе за намалување на
ризикот од повреда
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Прочитајте ги сите предупредувања и инструкции. Ако не се придржувате до
сите предупредувања и упатства, може да дојде до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Зачувајте ги сите безбедносни упатства и информации за подоцнежна употреба. Електричниот алат
предавајте го само со овие документи
Специјални безбедносни информации
Општи безбедносни препораки при острење, брусење, четкање со жици, полирање и засекување:
Користење
a) Овој електричен алат е наменет да функционира како брусилка или полирка. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации обезбедени со овој електричен
алат. Ако не се придржувате до сите упатства кои се наведени подолу, може да дојде до електричен удар,
пожар и/или сериозни повреди
b) Операциите како што се острење, брусење, четкање со жици и засекување не се препорачуваат да
се извршуваат со овој електричен алат. Операциите за кои не е наменет овој електричен алат може да
создадат опасности и да предизвикаат лични повреди
c) Немојте да користите додатоци кои не се специфично наменети и препорачани од страна на
производителот на алатот. Само поради тоа што додатокот може да се прикачи на електричниот алат, тоа не
гарантира безбедна операција
d) Номиналната брзина на додатокот мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена
на електричниот алат. Додатоците кои работат побрзо отколку нивната номинална брзина може да се
скршат и да се распаднат
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на вашиот додаток мора да биде во рамките на капацитетот
на вашиот електричен алат. Додатоците со несоодветна големина не може адекватно да се заштитат и да се
контролираат
f ) Навојното монтирање на додатоците мора да одговара на навојот на осовината за брусење. За
додатоците кои се монтираат со прирабници, дупката на оската на додатокот мора да одговара на
соодветниот дијаметар на прирабникот. Додатоците кои не се соодветни на деловите за монтирање на
електричниот алат ќе ја изгубат рамнотежата, прекумерно ќе вибрираат и може да предизвикаат губење на
контролата
g) Немојте да користите оштетен додаток. Пред секоја употреба, проверете ги додатоците како што
се на пр. абразивните тркала дали имаат дупки или пукнатини, потпорните подлоги дали имаат
пукнатини, дали се скинати или прекумерно користени и жиците за четкање дали се лабави или
скинати. Доколку го испуштите електричниот алат или додатокот, проверете дали имаат оштетувања,
или пак монтирајте неоштетен додаток. По проверката и монтирањето на додатокот, поставете се вие
и останатите подалеку од рамнината на ротирачкиот додаток и активирајте го електричниот алат на
максималната брзина без оптоварување во траење од една минута. Оштетените додатоци обично ќе се
распаднат за време на овој пробен период
h) Носете опрема за лична заштита. Во зависност од примената, користете заштита за лицето или
заштитни очила. Во зависност од потребата, носете маска за прав, заштитници за ушите, ракавици и
работна наметка која може да ги запре малите абразивни парчиња или парчињата од материјалот
на којшто се работи. Штитникот за очи мора да може да ги запре летечките отпадоци кои се создаваат како
резултат на разни дејства Маската за прав или респираторот мора да може да ги филтрира честичките кои
се генерираат од вашето дејство Подолгата изложеност на бучава со голем интензитет може да предизвика
губење на слухот
124
Mirka® Polisher PS 1519 • 230 V

Publicidad

loading