Отстранување проблеми
Машината не стартува. Електронскиот сигнален индикатор (погледнете бр. 3, слика 1) трепка.
Заштитата од рестартирање е активна Доколку кабелот за напојување се вметне додека машината е вклучена
или доколку струјата повторно се врати по прекин, машината не стартува Исклучете ја и повторно вклучете ја
машината
Дополнителна опрема
Користете исклучиво оригинални додатоци од Mirka
Користете исклучиво додатоци кои ги исполнуваат барањата и спецификациите наведени во овие упатства за
ракување
За да го погледнете целосниот опсег на дополнителна опрема, посетете ја веб-страницата www mirka com
Поправки
Поправките на електричните алати мора ЕДИНСТВЕНО да ги вршат обучени електричари!
Дефектниот кабел за напојување мора да се замени единствено со специјален оригинален кабел за напојување
од Mirka
Обратете се до вашиот локален претставник на Mirka доколку поседувате некои електрични алати од Mirka за
кои е потребна поправка Погледнете ја веб-страницата www mirka com за да ги дознаете адресите
Листа на резервни делови може да се најде на: www mirka com
Заштита на животната средина
Придржувајте се до националните регулативи во врска со еколошкото фрлање на производите и во врска со
рециклирањето на искористените машини, пакувањата и додатоците
Информации за отстранувањето
ОПАСНОСТ
Упатства за исфрлање како отпад за старите уреди Направете ги непотребните алати
неупотребливи така што ќе им го отстраните кабелот за напојување Само за државите на EU Не
ги фрлајте електричните алати заедно со куќниот отпад Во согласност со европските директиви
2002/95/EC, 2012/19/EU и 2003/108/EC за исфрлање на електронска опрема и нивната примена во
согласност со националните закони, електричните алати со поминат работен век мора одделно
да се собираат и да се однесат во еколошки компатибилна институција за рециклирање
Mirka® Polisher PS 1519 • 230 V
mk
129