i) Држете ги останатите лица на безбедно растојание од просторот за работа. Сите лица што влегуваат
во работниот простор мора да носат опрема за лична заштита. Парчињата од материјалот на којшто се
работи или од скршениот додаток може да одлетаат и да предизвикаат повреда надвор од непосредната
област за работа
j) Електричниот алат држете го само за изолираните површини за држење, особено при вршење на
дејства каде што додатокот за засекување може да дојде во контакт со затскриена жица или со
сопствениот кабел. Додатокот за засекување кој доаѓа во контакт со „активна" жица може да ги „активира"
изложените метални делови од електричниот алат и да предизвика електричен шок кај операторот
k) Поставете го кабелот надвор од дофатот на вртечкиот додаток. Доколку загубите контрола, кабелот може
да се засече или да се превитка, а вашата дланка или рака може да се вовлече во вртечкиот додаток
I) Никогаш немојте да го оставате електричниот алат сè додека додатокот не запре целосно. Вртечкиот
додаток може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола
m) Не го активирајте електричниот алат додека го носите странично. Ненамерниот контакт со вртечкиот
додаток може да ја вовлече вашата облека, носејќи го додатокот кон вашето тело
n) Редовно чистете ги отворите за проветрување на електричниот алат. Вентилаторот на моторот ќе ја
вовлече правта во куќиштето, а прекумерното насобирање на метален прав може да предизвика опасности
по електричните делови
o) Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите може да ги
запалат овие материјали
p) Немојте да користите додатоци за кои се потребни течни разладувачи. Користењето на вода или на
други течни разладувачи може да доведе до електричен удар
Повратен удар и слични предупредувања:
Повратен удар претставува брза реакција на приклештено или закачено тркало за брусење, потпорна подлога,
четка или кој било друг додаток Приклештувањето или закачувањето предизвикува моментален застој на
ротирачкиот додаток, кој пак предизвикува неконтролираниот електричен алат да оди во спротивна насока од
ротацијата на додатокот во моментот на контакт
На пример, доколку абразивното тркало се закачи или се приклешти на материјалот на којшто се работи, работ
на тркалото кое влегува во набивањето може да навлезе во површината на материјалот, што ќе предизвика
тркалото да излезе или да се отпадне Абразивното тркало може да скокне кон или спротивно од операторот, во
зависност од насоката на движењето на дискот во моментот на прикпештување Исто така, абразивните тркала
може да се скршат во следните услови
Повратниот удар се јавува како резултат на погрешно користење на електричниот алат и/или неточни
процедури или услови за ракување и може да се избегне доколку се преземат соодветни мерки на
претпазливост какви што се опишани подолу
a) Држете го електричниот алат цврсто и поставете го телото и раката на начин на којшто ќе можете да ` и
одолеете на силата на повратниот удар. Доколку е испорачана, секогаш користете ја помошната рачка
за максимална контрола врз повратниот удар или реакцијата на вртежниот момент при стартувањето.
Операторот може да ги контролира реакциите на вртежниот момент или повратните сили доколку се
преземат соодветни мерки на претпазливост
b) Немојте да ја поставувате дланката во близина на вртечкиот додаток. Додатокот може да изврши
повратен удар врз вашата дланка
c) Немојте да го поставувате вашето тело во област каде што електричниот алат би се поместил во случај
на повратен удар. Повратниот удар ќе го придвижи алатот во спротивна насока од движењето на тркалото
за острење во моментот на закачување
d) Бидете особено внимателно кога работите на агли, остри рабови итн. Избегнувајте отскокнување
и закачување на додатокот. Аглите, острите рабови и отскокнувањата имаат тенденција да го закачат
ротирачкиот додаток и да предизвикаат губење на контролата или повратен удар
e) Немојте да прикачувате сечило за сечење дрва од моторна пила, ниту пак запчесто сечило од пила.
Таквите сечила често создаваат повратни удари и губење на контролата
Специфични безбедносни предупредувања за операции со брусење:
a) Немојте да користите хартија за дискот за брусење со прекумерна големина. Следете ги препораките
на производителот при изборот на хартија за брусење. Поголемата хартија за брусење која се протега
преку подлогата за брусење претставува опасност од здобивање рани и може да предизвика закачување,
кинење на дискот или повратен удар
Mirka® Polisher PS 1519 • 230 V
mk
125