mk
Специфични безбедносни предупредувања за операции со полирање:
Немојте да дозволите кој било лабав дел од обвивката за полирање или прикачените жици да се вртат
слободно. Повлечете ги или скратете ги разлабавените прикачени жици. Разлабавените и вртечките
прикачени жици може да се заплеткаат во вашите прсти или да се заглават во материјалот на којшто се работи
Дополнителни безбедносни информации
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Секогаш носете заштитни очила
Прочитајте ги спецификациите од производителот на алатот и на додатокот!
Додатоците мора да се складираат и да се ракуваат внимателно во согласност со упатствата од производителот
Проверете дали додатоците се монтирани во согласност со упатствата од производителот
Алатот продолжува со работа откако ќе се исклучи машината
Материјалот на којшто се работи мора да биде поставен хоризонтално и да се спречи негово лизгање, на пр со
користење на стеги Големите работни парчиња мора да бидат доволно прицврстени
Доколку се користат додатоци со навојни вметнувачки елементи, крајот на осовината не смее да дојде во допир
со основата на дупката на алатот за брусење Проверете дали навојот во додатокот е доволно долг за да ја
смести целосната должина на осовината Навојот во додатокот мора да одговара на навојот на осовината
Се препорачува користење на систем за извлекување Секогаш монтирајте заштитен уред за диференцијална
струја со максимална струја од 30 mA кон изворот Кога машината се прекинува преку заштитниот прекинувач,
таа мора да се провери и да се исчисти (Погледнете во делот „Чистење" )
Кога работите во правливи услови, проверете дали се блокирани отворите за проветрување Доколку е
неопходно да ја отстраните правта, најпрво исклучете го електричниот алат од струја (користете неметални
предмети) и избегнувајте оштетување на внатрешните компоненти
Не смее да се користат оштетени, невообичаени или вибрирачки алати
Извадете го приклучокот од штекерот пред да извршите какви било прилагодувања, менувања или сервисирања
на машината
Оштетената или скршената дополнителна рачка мора да се замени Немојте да ракувате со машина со дефектна
дополнителна рачка
Оштетениот или скршениот заштитник за раката мора да се замени Немојте да ракувате со машина со дефектен
заштитник за раката
Намалете ја изложеноста на прав:
Одреден дел од правта која се создава со овој електричен алат може да содржи хемикалии за кои
е докажано дека предизвикуваат рак, алергиски реакции, респираторни заболувања, дефекти при раѓање
или други репродуктивни оштетувања Некои од овие супстанци содржат: олово (во бои кои содржат олово),
минерална прашина (од тули, бетон итн ), адитиви кои се користат за обработка на дрво (хромати, материјали за
заштита на дрво), одредени видови на дрво (како што се дабот или правта од бука), метали или азбест
Ризикот од изложеноста на таквите супстанци зависи од тоа колку долго сте изложени вие или останатите лица
Не им дозволувајте на честичките да навлезат во вашето тело
Направете го следново за да ја намалите изложеноста на овие супстанци: обезбедете добра вентилација
на работното место и носете соодветна заштитна опрема, како на пр респиратори кои се способни да ги
филтрираат микроскопските честички
Прочитајте ги релевантните упатства за вашиот материјал, персонал, примена и место на примена (на пр
здравствени и безбедносни регулативи на работното место, отстранување на производите)
Соберете ги генерираните честички на изворното место, избегнувајте наталожувања во околната област
Користете соодветни додатоци за специфични работи На овој начин, помалку честички влегуваат во животната
околина на неконтролиран начин
Користете соодветна единица за собирање
Намалете ја изложеноста на прав преку следниве мерки:
126
Mirka® Polisher PS 1519 • 230 V