СЕРТИФИКАЦИЈА
ОН R129/03
CYBEX Solution S i-Fix
100 – 150 см
Се препорачува за
возраст од приближно
3 до 12 години
Ви благодариме што одлучивте да го купите детското седиште за
автомобил Solution S i-Fix.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го
инсталирате седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го
при рака во специјално наменетиот оддел за чување на Упатството за
корисник (1).
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
•
Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за возило
не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
•
Со цел детето да биде соодветно заштитено, задолжително е да го користите
детското седиште како што е опишано во ова упатство за употреба.
•
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
согласност со прирачникот на возилото.
•
Соодветно е само за седишта на возила со автоматски каиши со три
точки за фиксирање одобрени во согласност со Регулативата бр. 16 на
ОН или со споредлив стандард.
•
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани
во упатството и означени на системот за врзување деца.
MK
•
Целата површина на наслонот за грб на седиштето за автомобил мора
да доаѓа во допир со наслонот за грб на возилото.
•
Каишот за рамо мора да минува нагоре и назад дијагонално. Никогаш
не смее да минува напред во правец на горната точка на каишот во
возилото.
•
Закопчувалката на каишот на возилото никогаш не смее да се вкрстува
со водилката на каишот на седиштето. Ако фиксниот држач на каиш е
премногу долг, седиштето за автомобил е несоодветно за користење
во оваа позиција во возилото. Ако не сте сигурни, контактирајте со
производителот на системот за врзување.
92
SOLUTION S I-FIX
Specific Vehicle
Booster Seat
100-150 cm
030035
UN Regulation
No. 129/03
Cybex GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
•
Каишите со три точки за фиксирање во возилото мора да минуваат
само низ назначените жлебови. Жлебовите за водење на каишот се
детално опишани во овој прирачник и означени се на седиштето за
автомобил со зелена боја.
•
Скутниот каиш мора да минува што е можно пониско преку слабините
на детето за да има максимален ефект при судир.
•
Пред секоја употреба треба да се погрижите автоматскиот сигурносен
каиш за возило со три точки на фиксирање да биде приспособен
правилно и добро прицврстен на телото на детето. Никогаш не
превиткувајте го каишот!
•
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди
на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да гарантира
дека каишот за рамо се поставува без пречки.
•
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде прицврстено правилно
со каишот на возилото, дури и кога не се употребува.
•
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил
никогаш не е заглавено кога ја затворате вратата на возилото или кога
го приспособувате задното седиште.
•
За да овозможува најдобра можна заштита, седиштето за автомобил
секогаш треба да ја употребувате линеарната странична заштита од
удари (L.S.P.) на страната што се наоѓа најблиску до вратата.
•
Ако го користите седиштето за автомобил на средното седиште на
задната клупа на возилото, линеарната странична заштита од удари
(L.S.P.) не смее никогаш да биде во отворена позиција.
•
Седиштето за автомобил исто така беше тестирано и одобрено за
користење без линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) во
отворена позиција.
•
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
•
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Погрижете се да се употребува само оригинална
навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен елемент за
функционирање на седиштето.
•
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
•
Деловите на системот за врзување деца се загреваат на сонце и може
да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и
седиштето за автомобил од директно изложување на сончева светлина.
•
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето
за автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на
сообраќајна несреќа, заменете го седиштето за автомобил. Ако се
двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.