Descargar Imprimir esta página

CYBEX SOLUTION S I-FIX Guia Del Usuario página 96

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
Исто така, седиштето за автомобил може да се користи без линеарна
��
странична заштита од удари (L.S.P.), ако во возилото нема доволно
простор или ако линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) доаѓа
во конфликт со вратата на возилото.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СЕДИШТЕТО ЗА АВТОМОБИЛ ОД
ВОЗИЛОТО
Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.
1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (4) на двете страни
туркајќи ги копчињата за ослободување ISOFIX (8) и истовремено
влечејќи ги наназад.
2. Извлечете го седиштето од точките за закотвување ISOFIX (6).
3. Отстранете го детското седиште и складирајте го ISOFIX по спротивен
редослед на чекорите за монтирање.
ПРИСПОСОБЛИВ НАСЛОН ЗА ГЛАВА
Приспособливиот наслон за глава (11) помага да се спречи опасноста
главата на детето да падне нанапред додека спие. Може да се постави
во една од 3 позиции. Туркајте го приспособливиот наслон за глава (11)
напред сè додека не го поставите во саканата позиција.
Главата на детето секогаш треба да го допира приспособливиот
��
наслон за глава.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (11) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на наслонот за глава (12) што се наоѓа во задниот дел
на наслонот за глава (11). Приспособете го наслонот за глава (11) така
што максималното растојание помеѓу рамениците на детето и наслонот за
глава да не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста) (11).
MK
Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека
��
седиштето се монтира во возилото.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете
го јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро
и да го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во зелените водилки на скутен каиш (13)
на седиштето за автомобил.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
94
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш (13).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каиш за рамо (14) сè
додека не влезе во водилката на каиш.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска на
детето и не го допира вратот на детето. Ако е потребно, приспособете
ја висината на наслонот за глава (11) за да ја измените позицијата на
каишот.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на седиштето за автомобил се состои од 4 дела (наслон за
глава (2 дела), наслон за грб и перниче). Тие се прицврстени заедно на
неколку места со дрикер-копчиња. Штом ќе ги откопчате сите дрикер-
копчиња, ќе може да ги отстраните поединечните делови на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето за автомобил,
следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на програма
��
за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење
на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга
облека и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директна
сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВИ ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој
производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која
производот му е продаден на клиентот во малопродажба. Содржината
на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на
гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница
go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата
е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите
законски права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

520002415