Обработка На Профилни Лајсни; Проверка И Подесување На Основните Поставки - Bosch GCM 18V-305 GDC Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 18V-305 GDC Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 66
414 | Македонски
Сечете делови со еднаква должина (види слика R)
За едноставно сечење на исти делови можете да го
користите граничникот за должина (39) (опрема).
Граничникот за должина можете да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила (8).
– Олабавете ја завртката за блокирање (38) и
преклопете го граничникот за должина (39) над
завртката за затегање (66).
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (38).
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (8) на
саканата должина.
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика S)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб или да употребите дистанцер.
– Свртете го граничникот за длабочина (27) кон надвор.
– Навалете ја лизгачката рачка (33) на дршката (1) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (26), додека
крајот на завртката не го допре граничникот за
длабочинa (27).
– Полека водете ја лизгачката рачка (33) нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
Позиционирање
Подна лајсна
на делот што се
обработува
– поставени кон
граничната
водилка
– плоснато
лежејќи на
масата за пила
Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна,
може да сечете со или без повлекување.
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален) најпрво на отпадно
дрво.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
1 609 92A 5HG | (09.12.2020)
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (41) до жлебот (15) за 0°.
Лостот (13) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика T1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу лизгачката рачка (33) со
дршката (1).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин
што, запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја лизгачката рачка полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот .
Ласерските зраци мора по целата должина од левата и
десната страна да бидат на исто растојание од означената
линија на сечење на делот за обработка, дури и кога
лизгачката рачка се поместува надолу.
Подесување (види слика T2)
Плафонски
1. Подесување на десниот ласерски зрак:
лајсни
– Свртете ја десната завртка за подесување (67) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (18), додека
десниот ласерски зрак не налегне на целокупната
должина на означената линија на сечење на делот што
се обработува.
Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
2. Подесување на левиот ласерски зрак:
– Свртете ја левата завртка за подесување (67) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (18), додека
левиот ласерски зрак не го постигне истото растојание
до означената линија на сечење на делот што се
обработува како и десниот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m43 0Professional gcm 18v-305 gdc

Tabla de contenido