Bosch GCM 18V-305 GDC Professional Manual Original página 406

Ocultar thumbs Ver también para GCM 18V-305 GDC Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 66
406 | Македонски
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтиран сечило на пилата (43)
– Копче за фиксирање (12)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (17)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (18)
– Столарска стега (19)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
– Вилушкаст клуч (големина: 8 mm)
– Прстенест, вилушкаст или клуч за втиснување
(големини: 10 mm и 17 mm)
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул
GCY 42 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
1 609 92A 5HG | (09.12.2020)
Активирање на копчеста батерија
– Отстранете го капакот Bluetooth® Low Energy модул
GCY 42 (30).
– Отстранете ја изолацијата помеѓу копчестата батерија
и Bluetooth® Low Energy модул GCY 42.
– Затворете го капачето (30), за да спречите влегување
нечистотија.
Извадете го капакот за Bluetooth® Low Energy
u
Module GCY 42 на електричниот алат, на пр. со
одвртувач или со голема монета. Со употребата на
несоодветни предмет може електрониката или капакот
да се оштетат.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (31) има два степена на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на
батеријата (32). Сѐ додека е вметната батеријата во
електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на
пружина.
За да ја извадите батеријата притиснете на копчињата за
отворање и извлечете ја батеријата од електричниот алат.
Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m43 0Professional gcm 18v-305 gdc

Tabla de contenido