Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
– За отворање на поклопецот на преградата за батерии 46
притиснете на блокадата 44 и отворете го поклопецот на
преградата за батерии. Ставете ги батериите. Притоа
внимавајте на правилната позиција на половите на
батериите во зависност од приказот на внатрешната
страна од преградата за батерии.
Доколку ослабат батериите, се појавува предупредување за
батеријата g на екранот 36. Од овој момент, мерниот уред
може да се употребува уште околу 2 ч.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од директно изложување
на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата. Напр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При големи
осцилации во температурата, оставете го мерниот уред
најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
– Поставете го ласерскиот приемник на тој начин што
ласерскиот зрак ќе достигне до приемното поле 35.
Доколку ротацискиот ласер располага со различни
брзини на ротација, тогаш поставете 600 min
Вклучување/исклучување
При вклучување на мерниот уред се слуша гласен
сигнален тон. „Нивото на звучен притисок на сигналниот
тон оценето со А, на 0,2 м растојание изнесува до
99 dB(A)."
Не го држете мерниот уред близу до увото! Гласниот
тон може да го оштети слухот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само
доколку го користите.
– За вклучување на мерниот уред притиснете го копчето
за вклучување-исклучување 42. Се слуша сигнален тон и
кратко светнуваат сите прикази на екранот.
– За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 42. За потврда се
слуша двоен сигнален тон.
Доколку околу 7 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред и до приемното поле не достигне ласерски
зрак 35 7 мин., тогаш мерниот уред автоматски се
исклучува заради заштита на батериите.
374 | Македонски
800.544.2843
-1
.
www.calcert.com
15
10
20
5
25
0
30
Избирање на поставката за приказ на средината
Со копчето 33 може да утврдите, со колкава точност ќе се
прикаже позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле
„средно" :
– Поставка „фино" (приказ a на екранот),
– Поставка „средно" (приказ b на екранот),
– Поставка „грубо" (приказ c на екранот).
При промена на поставката за точност, во зависност од
избраната поставка, се слушаат два или три сигнални
тонови.
Поставката на точноста се зачувува при исклучување на
мерниот уред.
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното
поле 35:
– со помош на приказите за правец „за движење надолу" d,
„за движење нагоре" f одн. средината e на екранот 36 на
предната/задната страна на мерниот уред,
– со LED сијаличките „за движење надолу" 38, „за движење
нагоре" 41 одн. средината 39 на предната страна на
мерниот уред,
– опционално со сигнален тон (види „Сигнален тон за
приказ на ласерскиот зрак", страна 375).
Мерниот уред е поставен прениско: Доколку ласерскиот
зрак ја преминува горната половина на приемното поле 35,
тогаш светат приказите за правец f на екранот и соодветните
црвени LED сијалички 41.
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со бавен
такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката нагоре.
При доближување со средишната ознака, ќе се прикажат
две одн. три црти на приказот за правец f.
Мерниот уред е поставен превисоко: Доколку ласерскиот
зрак ја преминува долната половина на приемното поле 35,
тогаш светат приказите за правец d на екранот и
соодветните црвени LED сијалички 38.
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
забрзан такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката надолу.
При доближување со средишната ознака, ќе се прикажат
две одн. три црти на приказот за правец d.
Мерниот уред е на средина: Доколку ласерскиот зрак
поминува низ приемното поле 35 на висина на средишната
ознака 40, тогаш свети средишната ознака e на екранот и
соодветните сини LED сијалички 39. При вклучен сигнален
тон се слуша непрекинат тон.
Доколку мерниот уред се придвижи, така што ласерскиот
зрак повторно ќе го напушти приемното поле 35, 5 с.
трепкаат последно прикажаните прикази за правец f одн. d
на екранот, како и соодветните LED сијалички 41 одн. 38.
Заради заштита на батериите, LED сијаличките за приказот
на правец може да се исклучат. За исклучување и
вклучување на LED сијаличките држете го притиснато
копчето за поставување на точност при мерењето 33 и
кратко притиснете на копчето за вклучување-исклучување
42. За потврда трепкаат сите LED сијалички. Доколку се
вклучат LED сијаличките, тие продолжуваат да светат 1 с.
sales@calcert.co
2 609 141 178 • 2.4.14