Milwaukee SCS 65 Q Manual Original página 53

Ocultar thumbs Ver también para SCS 65 Q:
Tabla de contenido

Publicidad

додека не дојде до потполно запирање на сечилото.
Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да ја
повлечете наназед додека сечилото се движи или може
да се појави повратен удар. Испитајте ги и преземете
корективни чекори за да ја елиминирате причината за
свиткување на сечилото.
По рестартирање на пилата во обарботуваното парче,
центрирајте го сечилото на пилата во крвината и
проверете запците на пилата да не се навлезени во
материјалот. Доколку сечилото на пилата е свиткано, може
да тргне нагоре или да излезе од обработуваното парче,
кога таа ќе се стартува.
Потпирајте ги големите панели како би го
минимизирале ризикот од свиткување на сечилото и
повратен удар. Големите панели имаат тенденција да се
свиткаат под сопствената тежина. Мора да биде поставена
потпора под панелот од двете страни, блиску до линијата
на сечење и блиску до работ на панелот.
Не користете отапени или оштетени сечила.
Ненаострните или не соодветно поставените сечила
создаваат остра кривина која предизвикува интензивно
триење, виткање на сечилото и повратен удар.
Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач
на рачката мора да биде стегнат и обезбеден пред да се
сече. Доколку се промени подесувањето за време на
сечењето може да дојде со свиткување иповратен удар.
Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување
во постоечки ѕидови или други армирани површини.
Проверете го функционирањето на федерот на долната
заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат
соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани.
Долната заштита може да функционира тромо поради
оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани
делчиња.
Долната заштита треба да биде рачно повлечена само
при специјални резови како ,резови со забодување,
или ,сложени резови. Кренете ја долната заштита со
повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во
материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена.
При секое друго сечење, долната заштита мора да работи
автоматски.
Секогаш гледајте долната заштита да го покрива
сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под.
Незаштитено лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да
тргне наназад, сечејќи се што ќе се најде на патот. Бидете
свесни за потребното време за кое сечилото престанува да
работи, по ослободувањето на прекинувачот.
Употребете соодветен нож за острење на
употребуваното сечило. За да работи ножот за острење,
мора да биде погуст од телото на сечилото но потенок од
поставените запци на сечилото.
Наштелувајте го ножот за острење како што е наведено
во овој прирачник. Несоодветно растојание, поставување
и редење може да го направи ножот за острење
неефикасен при спречување на повратен удар.
Секогаш користете. Освен при сечење со забивање.
мора да биде заменет по такво сечење. Предизвикува
пречки за време на истото и може да предизвика повратен
удар.
За Нож да работи, мора да биде внесен во парчето кое
се обработува. нож е неефикасен во спречувањето на
повратен удар за при кратки резови.
Не работете со пилата доколку.нож е свиткан. Дури и
најмали пречки можат да го успорат интревалот на
затворање на заштитата.
104
МАКЕДОНСКИ
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува
заштитна облека како: маска за заштита од прашина,
заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига
и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во
овој прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да
биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на
вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да
излета.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на
оваа машина!
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено
кога ја користите пилата држејжи ја со рака.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците, а при сечењето на
пластични материи избегнете го топењето на материјалот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече
надолжно и триаголно прецизно во дрво, пластика и
алуминиум.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека
„Техничките податоци" подолу го опишуваат производот со сите
релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS),
2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве
хармонизирани регулаторни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-5:2014
EN IEC 55014-1:2021
EN IEC 55014-2:2021
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-07-05
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот
напон наведен на плочката. Можно е исто така и
поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Пред секое користење да се провери дали уредот,
приклучниот кабел, продолжниот кабел, сигурносниот појас
и утикачот се оштетени или амортизирани. Оштетените
делови да се поправат исклучиво од страна на стручно
лице.
Кратковремени вршни напони предизвикуваат осцилирање
на напонот и можат да извршат влијание врз други
електрични производи во истиот струен вод. Приклучете го
апаратот на снабдевање со струја со импеданца од 0,3 Ω за
да минимирате осцилирања на напонот.
Контактирајте го Вашиот снабдевач со енергија за
понатамошни информации.
ОДРЖУВАЊЕ
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред
да го прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Некои средства за чистење ја оштетуваат пластиката или
други изолирани делови.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Оддалечувајте редовно прашина. Внатре во пилата
оддалечувајте натрупени струготини, да се избегна ризик
на пожар
Одржувајте го апаратот чист и сув како и неизвалкан од
истечено масло и масти.
Проверете ја функцијата на заштитните хауби.
Редовно одржување и чистење обезбедува долг век и
безбедно ракување.
За да се избегнат безбедносни ризици, замена на кабелот
за напојување мора да се изврши од страна на
производителот или еден од неговите претставници.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат
заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од електричен
удар не зависи само од основната изолација туку и
од тоа дали ќе се применат дополнителните
заштитни мерки како што се двоструките изолации
или појачаната изолација.
Не постои никаква направа за приклучување на
некој заштитен вод.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Волти
Наизменична струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
105

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido