Пуштање во работа MS 2600 / MS 3300 L
Ладно стартување (слика 6) (слика 9)
6-1
Капак на филтерот за воздух
6-2
Резервоар за гориво
6-3
Клапна за стартување „Choke" — „Run"
6-4
Запалка (ладно стартување-мембранска пумпа)
6-5
Сајла на стартерот
9-1
Прекинувач за палење „Start" — „Stop"
9-2
Блокада на рачката за гас
9-3
Рачка за гас
1. Поставете го прекинувачот за палење на „Start".
2. Притиснете и држете ја блокадата на рачката за
гас 9-2), притиснете ја рачката за гас (9-3).
3. Ставете ја клапната за стартување (6-3) на
„CHOKE".
4. 10х притиснете ја мембранската пумпа за ладно
стартување (6-4).
5. Извлечете ја сајлата на стартерот (6-5) 3-4 пати
право нанадвор, додека не се слушне кратко
стартување (палење) на моторот.
Повлекувајте рамномерно и брзо.
6. Ставете ја клапната за стартување на „RUN".
7. Извлекувајте ја сајлата на стартерот додека
моторот не запали.
8. Ако моторот не запали, повторете ги чекорите од
1 до 7.
MS 2600 / MS 3300 L топло стартување (слика 6)
(слика 9)
1. Поставете го прекинувачот за палење на „Start".
2. Ставете ја клапната за стартување (6-3) на „RUN".
Извлечете ја сајлата на стартерот (6-5) — моторот
пали.
Моторот не пали:
Ставете ја клапната за стартување на „RUN".
Повлечете ја сајлата на стартерот 5х
Ако моторот сепак не пали:
Почекајте 5 минути, па обидете се повторно со
докрај притисната рачка за гас
Погледнете го „Помош при пречки".
246
Исклучување мотор (слика 9)
1. Отпуштете ја рачката за гас и оставете го моторот
да работи во празен од.
2. Ставете го прекинувачот за палење (9-1) на „STOP".
Внимание!
По исклучување, моторот и алатот за сечење не
запираат веднаш — Опасност од повреда!
Пуштање во работа MS 3300 B / MS 4300
Ладно стартување (слика 6) (слика 13)
6-1
Капак на филтерот за воздух
6-2
Резервоар за гориво
6-3
Клапна за стартување „Choke" — „Run"
6-4
Запалка (ладно стартување-мембранска пумпа)
6-5
Сајла на стартерот
13-1
Прекинувач за палење „Start" — „Stop"
13-2
Блокада на рачката за гас
13-3
Рачка за гас
1. Ставете ја клапната за стартување (6-3) на
„CHOKE".
2. Поставете го прекинувачот за палење на „Start"
(13-1).
3. 10х притиснете ја мембранската пумпа за ладно
стартување (6-4).
4. Извлечете ја сајлата на стартерот (6-5) 2 — 3
пати право нанадвор, додека не се слушне кратко
стартување (палење) на моторот.
Повлекувајте рамномерно и брзо.
5. Ставете ја клапната за стартување на „RUN".
6. Извлекувајте ја сајлата на стартерот додека
моторот не запали.
7. Ако моторот не запали, повторете ги чекорите од
1 до 7.
MS 3300 B / MS 4300 топло стартување (слика 6)
(слика 13)
1. Поставете го прекинувачот за палење на „Start"
(13-1).
2. Ставете ја клапната за стартување (6-3) на „RUN".
3. Најмногу 6х брзо извлечете ја сајлата на
стартерот (6-5) — моторот пали. Ако моторот не
запали, повторете ги чекорите од 1 до 7.
Превод на оригиналното упатство за употреба