Turboair SICILIA Montaje Y Modo De Empleo página 153

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
Функционирање
Модели со меки копчиња Soft Button + дисплеј LCD
1
Вклучување/исклучување на моторот
Со притискање на ова копче аспираторот почнува да
работи со брзина 1.
Со притискање на копчето за време на работењето,
аспираторот се исклучува.
2
Зголемување на брзината
Со притискање на копчето аспираторот поминува од
состојба OFF на брзина 1.
Со притискање на копчето (аспиратор на ON)
брзината на моторот се зголемува од брзина 1 до
интензивна.
На секоја брзина се пали соодветниот LED.
Брзина 1: 1
Брзина 2: 2
Брзина 3: 3
Интензивна брзина: 4 (трепкање)
Интензивната брзина е темпирана. Стандардото
темпирање е во време од 5 минути, на крајот на кое
аспираторот се поставува на брзина 2.
За да ја исклучите функцијата предвреме, притиснете
го копчето 2, аспираторот ќе се постави на брзина 1,
додека со притискање на копчето 1 аспираторот ќе се
исклучи.
3
Вклучување/исклучување на светлото
4
Темпирање на брзината
5
Индикатор на работната состојба
Темпирање на брзината
Темпирањето на брзината се активира со притискање на
копчето 4, а по истекување на темпираното време
аспираторот се исклучува.
Темпирањето може да биде:
Брзина 1 - 20 минути (1 фиксно, светкава точка)
Брзина 2 - 15 минути (2 фиксно, светкава точка)
Брзина 3 - 10 минути (3 фиксно, светкава точка)
Интензивна брзина - 5 минути (4 фиксно, светкава точка)
За време на темпираното работење, со притискање на
копчето 1 или копчето 4, аспираторот се исклучува, со
притискање на копчето 2 аспираторот излегува од
темпирано работење, позиционирајќи се во одбраната
брзина.
Сигнализација за филтер за маснотии
Сигнализацијата на филтерот за маснотии се активира по
80 часови употреба и се манифестира на екранот со
трепкање на бројот 1.
Кога ќе се појави овој сигнал, инсталираниот филтер за
маснотии треба да се измие.
Сигналот може да се види кога аспираторот е вклучен.
За да се запре сигнализацијата на филтерот за маснотии,
притиснете го копчето "1" за повеќе од 3 секунди, додека
сигналот не се исклучи.
Исклучување на сигнализацијата е можно само со вклучен
аспиратор.
Сигнализација за јаглен филтер (само за варијантата
со филтрирање)
Сигнализацијата за јаглен филтер се активира по 320
часови употреба и се манифестира на екранот со
трепкање на бројот 2.
Кога ќе се појави овој сигнал, инсталираниот филтер за
јаглен треба да се замени.
Сигналот може да се види кога аспираторот е вклучен.
За да се запре сигнализацијата на филтерот за јаглер,
притиснете го копчето "1" за повеќе од 3 секунди, додека
сигналот не се исклучи.
Исклучување на сигнализацијата е можно само со вклучен
аспиратор.
Во случај на истовремена сигнализација на двата филтри,
на екранот броевите 1 и 2 наизменично ќе трепкаат.
Ресетирањето се врши со повторување на горната
процедура 2 пати.
Првиот пат се ресетира сигналот за филтерот за масти, а
вториот се ресетира сигналот за филтерот за јаглен.
Во стандарден режим сигнализацијата за јаглен филтер
не е активна.
Во случај на употреба на аспираторот во верзија за
филтрирање потребно е да се активира сигнализацијата
за јаглен филтер.
Активирање на сигнализацијата за јаглен филтер:
Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги
истовремено притиснати копчињата "2" и "3", во време од
3 секунди.
Броевите 1 и 2 ќе трепкаат наизменично по 2 секунди.
Деактивирање на сигнализацијата за јаглен филтер
Исклучете го аспираторот на OFF и држете ги
истовремено притиснати копчињата "2" и "3", во време од
3 секунди.
Бројот 1 ќе трепка 2 секунди.
Аларм за температура
Аспираторот е опремен со температурен сензор кој го
активира моторот на брзина 3, во случај кога
температурата во близина на дисплејот е премногу
висока.
Состојбата на аларм се манифестира со трепкање на
буквата "т" на дисплејот.
Оваа состојба продолжува сé додека температурата не
падне под прагот на аларм.
153

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido