Работен Материјал; Обврската На Раководителот; Примена/Употреба; Прописна Употреба - Wilo Rexa CUT GI Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 649
▪ Кога целосно е испуштен притисокот, завртете ги
назад шрафовите.
2.10
Работен материјал
Заптивната комора на моторот е полна со бело
масло. Работниот материјал мора редовно да се
менува при редовните одржувања и мора да се фрли
согласно локалните прописи.
2.11
Обврската на раководителот
▪ Да го обезбеди персоналот со упатства за
вградување и работа на својот јазик.
▪ Да утврди дали персоналот го има потребното
познавање за дадената работа.
▪ Да обезбеди и да се увери дека секој има заштитна
опрема на располагање којашто треба да ја носи
персоналот.
▪ Да ги одржува читливи безбедносните таблички или
табличките со напомени.
▪ Да го упатува персоналот околу принципот на работа
на постројката.
▪ Да ги елиминира сите опасности од електриката.
▪ Да ги заштити луѓето од допирање на составните
елементи во постројката.
▪ Да го означи и обезбеди работниот простор.
▪ Да ги дефинира работните задачи на персоналот за
да се овозможи безбеден тек на работата.
Забрането е деца и лица под 16 години или со
ограничени физички, сензорни или ментални
способности да ракуваат со производот! Лицата под
18 години треба да бидат надгледувани од стручно
лице!
3
Примена/употреба
3.1
Прописна употреба
Потопните пумпи се наменети за транспорт на:
▪ Отпадна вода со фекалии
▪ Нечиста вода (со мала количина песок и шљунак)
▪ Транспортирани медиуми со сува материја до макс.
8%
НАПОМЕНА
Крпите за чистење или бришење може да
предизвикаат заглавување на алатот за
сечење!
За да избегнете крпи за чистење и бришење во
транспортираниот медиум, прво механички
прочистете го медиумот што тече.
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa CUT GI
Примена/употреба
3.2
4
4.1
Не се употребува прописно
ОПАСНОСТ
Експлозија поради пренос на експлозивни
медиуми!
Строго забрането е пренесување на лесно
запаливи и експлозивни медиуми (бензин,
керозин итн.) во чиста форма. Постои опасност по
животот поради експлозија! Пумпите не се
осмислени за вакви медиуми.
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по
животот, треба да се деконтаминира по
демонтажа со се сите нејзини делови! Постои
опасност по животот! Внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се
осигури дека персоналот се придржува и ги
разбира работните правила!
Потопните пумпи не се предвидени за пренос на:
▪ Вода за пиење
▪ Медиуми со тврди предмети (пр. камења, дрво,
метал итн.)
▪ Медиуми со големи количини на абразивна
содржина (пр. песок, чакал).
Прописната употреба вклучува придржување до овие
упатства. Секое отстапување од нив се смета за
непрописно.
Опис на производот
Конструкција
Потопна пумпа за отпадна вода со внатрешен алат за
сечење, како преплавлив блок-агрегат за
наизменична работа во водено поставување.
mk
571

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Rexacut gi03.29Rexacut gi03.26

Tabla de contenido