9
Сервисирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по
животот, треба да се деконтаминира по
демонтажа со се сите нејзини делови! Постои
опасност по животот! Внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се
осигури дека персоналот се придржува и ги
разбира работните правила!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна
опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема
за подигнување и спуштање на пумпата. Осигурете
се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте
ја максимално дозволената носивост на опремата
за подигнување! Проверете ја опремата за
подигнување дали функционира беспрекорно!
▪ Одржувањето секогаш треба да се прави на чисто
место со добра проветреност. Пумпата мора да биде
безбедно поставена и обезбедена.
▪ Треба да се врши само одржување како што е
опишано во овие упатства за вградување и работа.
▪ Носете ја следната заштитна опрема додека вршите
одржување:
– Заштитни очила
– Заштитни чевли
– Заштитни ракавици
9.1
Лична квалификација
▪ Работа со електриката: На електриката мора да
работи само стручен електричар.
▪ Одржување: Стручното лице мора да е запознаено со
работните материјали и како да ги фрли во отпад.
Освен тоа, стручното лице мора да има основни
познавања од дизајнот на машината.
9.2
Обврската на раководителот
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна
опрема на располагање којашто треба да ја носи
персоналот.
▪ Соберете го работниот материјал во соодветен сад и
фрлете го прописно.
▪ Прописно фрлете ја употребената заштитна облека.
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa UNI
Сервисирање
▪ Користете само оригинални делови од
производителот. Ако употребите други
неоригинални делови, производителот нема да
преземе одговорност за производот.
▪ Веднаш отстранете го протечениот медиум што се
транспортира и работните материјали и фрлете го
согласно важечките локални прописи.
▪ Ставете ги на располагање потребните алати.
▪ Доколку користите лесно запаливи раствори и
средства за чистење, забрането е да има отворен
пламен или да пушите.
9.3
Работен материјал
9.3.1
Видови масла
Заптивната комора е фабрички нагодена така што е
наполнета со медицинско бело масло. При замена на
маслото, се препорачуваат следните видови масло:
▪ Aral Autin PL*
▪ Shell ONDINA 919
▪ Esso MARCOL 52* или 82*
▪ BP WHITEMORE WOM 14*
▪ Texaco Pharmaceutical 30* или 40*
Сите видови масло со „*" имаат одобрение за
користење за прехрана според „USDA-H1".
9.3.2
Количини на полнење
Количините на полнење се независни од пумпата:
▪ Rexa UNI V05...: 600 ml (20 US.fl.oz.)
▪ Rexa UNI V06...: 1000 ml (34 US.fl.oz.)
9.4
Интервали на одржување
За да се загарантира правилна функција, треба
редовно да се одржува. Во зависност од реалните
амбиентални услови, може да се утврдат интервали
на одржување! Ако се појават силни вибрации при
работењето, без разлика на тоа кога е следниот
интервал на одржување, пумпата мора да се провери
по што следува инсталација.
9.4.1
Интервали на одржување за нормални услови
5 години или 1.500 работни часови
▪ Визуелна проверка на водот за снабдување со струја
▪ Визуелна проверка на опремата
▪ Визуелна проверка за трошење на куќиштето
▪ Проверка на функцијата на внатрешните уреди за
надгледување
▪ Замена на масло
10 години или 5.000 работни часови
▪ Генералка
mk
407