Проверка На Функцијата На Уредите За Надгледување - Wilo Rexa UNI Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
9.5.4
Визуелна проверка на куќиштето за трошење
Деловите на куќиштето може да се оштетат. Доколку
утврдите дефекти, мора да се јавите во службата за
односи со корисниците!
9.5.5
Проверка на функцијата на уредите за
надгледување
За да се проверат отпорниците, пумпата мора да
биде изладена на температура на околината!
9.5.5.1 Проверете ја отпорноста на температурниот сензор
Проверете ја отпорноста на температурниот сензор
со омметар. Биметалниот сензор мора да има мерна
вредност од 0 Ohm (премин).
9.5.6
Замена на масло на заптивна комора
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од
повеќе бари! Притисокот се намалува кога ќе ги
отворите шрафовите за затворање. Доколку
невнимателно ги одвртите, може да се случи
силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед
на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не
целосно. Штом почне да се ослободува
притисокот (ќе слушнете како се испушта
воздух), не вртете повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот,
комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен
материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да
прска жежок работен материјал. Притоа може и
да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура
на околината, а потоа отворете ги шрафовите
за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или
заштита за лицето, како и ракавици.
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa UNI
Сервисирање
Fig. 11: Заптивна комора: Замена на масло
1
Шраф за затворање на заптивна комора
Поставена е заштитна опрема!
Пумпата е демонтирана и исчистена (и по потреба,
деконтаминирана).
1. Поставете ја пумпата хоризонтално на цврста
подлога. Шрафот за затворање покажува нагоре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на
дланките. Осигурете се дека пумпата нема да падне
или да се излизга!
2. Одвртувајте го шрафот полека и нецелосно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прекумерен притисок во
моторот! Ако слушнете звук на испуштање воздух
или свирење, не вртете повеќе! Почекајте
притисокот да се испушти целосно.
3. Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно
одвртете го шрафот.
4. Поставете соодветни резервоари за собирање на
работниот материјал.
5. Испуштете го работниот материјал: Свртете ја
пумпата сè додека отворот не покаже кон долу.
6. Проверете го работниот материјал: Ако во работниот
материјал пронајдете метална пилевина,
контактирајте ја службата за односи со корисниците!
7. Наполнете работен материјал: Свртете ја пумпата сè
додека отворот не покаже кон горе. Полнете со
работен материјал преку отворот.
8. Исчистете го шрафот за затворање, ставете нов
заптивен прстен и повторно завртете го. Макс.
вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
⇒ Придржувајте се до податоците за видот и
количината работен материјал!
mk
1
409

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido