СЕРТИФИКАЦИЈА
SIRONA Z2 i-Size
Опсег на големина: 61-105 см (45-105 см со влошка за новороденче*)
Тежина: макс. 18 кг
UN R129/03 за Base Z2
UN R129/02 за Base Z
Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Sirona Z2 i-Size
за вашиот автомобил.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го инсталирате
седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го при рака во
специјално наменетиот оддел (29).
Корисниците на Base Z треба да се осврнат на дополнителното упатство за
„Sirona Z2 со Base Z" што претставува дел од Упатството за корисник.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
•
Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
•
Со цел детето да биде соодветно заштитено, задолжително е да го
користите детското седиште како што е опишано во ова Упатство за
корисник.
•
Не користете седиште за автомобил завртено нанапред пред детето да
биде на возраст од 15 месеци и да достигне должина од 76 см.
•
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
согласност со прирачникот на возилото.
•
Монтирањето на ова седиште за автомобил на предното патничко
седиште со активирано предно воздушно перниче НЕ Е
ДОЗВОЛЕНО.
MK
•
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани во
упатството и означени на детскиот систем за врзување.
•
Влошката за новороденче се употребува за заштита на детето и мора да
се употребува сè додека детето не достигне должина од 60 см.
•
Скутните каиши на сигурносниот каиш мора да минуваат што е можно
пониско преку слабините на детето за да имаат максимален ефект
при судир.
124
•
Пред секое патување треба да обезбедите дека сигурносниот каиш
со пет точки на прицврстување е приспособен правилно и дека е
добро прицврстен на телото на детето. Каишите никогаш не смее да се
превиткуваат!
•
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди на
детето максимална заштита и удобност, а истовремено да обезбедува
дека каишите за раменици се поставени соодветно.
•
Ова детско седиште може да се употребува само во комбинација со Base
Z2 или со Base Z инсталирана според стандардот ISOFIX.
•
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и
прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.
•
Потпорната ногалка мора секогаш да биде во директен контакт со подот
на возилото. Ако возилото има простор за складирање во просторот за
нозе, треба да контактирате со производителот на возилото за да бидете
сигурни дека возилото ја поддржува потпорната ногалка.
•
Додека возите, седиштето за автомобил мора секогаш да биде закочено
завртено наназад или нанапред.
•
За да овозможува најдобра можна заштита седиштето за автомобил,
секогаш треба да ја употребувате линеарната странична заштита од
удари (L.S.P.).
•
Ако го користите седиштето за автомобил на средното седиште на
задната клупа на возилото, линеарната странична заштита од удари
(L.S.P.) не смее никогаш да биде во отворена позиција.
•
Седиштето за автомобил исто така беше тестирано и одобрено за
користење без линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) во отворена
позиција.
•
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е
заглавено на некоја површина кога ја затворате вратата на возилото или
да кога го приспособувате задното седиште.
•
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
•
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Бидете сигурни дека се употребува само
оригинална навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен
елемент што овозможува седиштето да функционира правилно.
•
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
*Дополнителна опрема