Descargar Imprimir esta página

Black and Decker G22 Instrucciones De Funcionamiento Originales página 165

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 44
Совети за нега на тревникот
Совети за нега на тревникот
Косење
Тревата се состои од различни видови трева.
Кога често го косите, расте појака трева којашто
создава појаки корени. Ако косите ретко
засилено се создава трева со висок раст и други
диви треви (на пр. детелина, петровка).
Hормалната висина на тревата изнесува околу
4–5 сm. Треба да се коси само 1/3 од вкупната
висина; значи при 7–8 сm да се сече на нормална
висина. По можност тревата да не се сече
пократко од 4 сm, инаку при сувост се оштетува
жилата на тревата. Високо израснатата трева
(на пр. по годишен одмор) етапно да се коси на
нормална висина.
При косењето секогаш оставаjте пругите да се
преклопуваат по малку.
Ѓубрење (со прибор)
При косењето тревата се сече на мали парчиња
(околу 1 сm) и останува да лежи. Тревникот ги
задржува хранливите состојки.
За оптимален резултат тревата мора постоjано
да се одржува куса, погледнете и во поглавjето
„Kосење".
Внимаваjте при малчирање на следните совети:
- Не косете мокра трева.
- Hе косете повеќе од 2 сm од вкупната должина
на тревата.
- Возете полека.
- Редовно чистете го механизмот за сечење.
Транспорт
Опасност
Пред транспортот во или на возило:
Исклучете го моторот и отстранете
го приклучниот кабел. Оставете го
моторот да се излади (околу 30 минути).
Обезбедете го уредот при транспорт
на или во возилото доволно од несакано
лизгање. Пред подигнување или носење
на уредот извлечете го мрежниот
приклучок. За да го движите уредот
преку површини, како на пр. патеки или
влез во двор, претходно стопираjте го
моторот.
Внимание
Hе го заглавуваjте или свиткуваjте
кабелот меѓу моторот и комбинациjата
ÿрекинувач/ÿриклучок.
Слика 6
За полесно сместување можете да го соберете
управувачот.
Одржување/Чистење
Опасност
Изведувајте ги само процесите на одржување
опишани овде. Сите други работи, особено
поправките, мора да бидат изведени од
стручно лице. Непрописното користење може
да доведе до оштетување на уредот и повреди.
Уредот треба да се провери еднаш годишно со
помош на стручно лице.
За заштита од повреди при секое работење
врз уредот
- изгаснете го моторот,
- почекајте додека сите движечки делови не
запрат целосно,
- откачете го мрежниот приклучок
- оставете го моторот да се излади (околу
30 минути).
Одржување
Опасност
За заштита од повреди од механизмот
за сечење, сите работи, како замена
или дополнително острење на ножот,
вршете ги во стручен сервис (потребни
е специјален алат).
Погрижете се за навремено одржување за
да го одржите уредот во безбедна работна
состојба.
Пред секоjа работа
Проверете го приклучниот кабел.
Проверете дали се стегнати навоjните врски.
Проверете ги безбедносните уреди.
Проверете го уредот – погледнете во поглавjе
«Пред работата со уредот».
Проверете jа точката на зафаќање на споjката:
(само кај апарати со погон на тркалото)
- Кога моторот работи, а погонот на тркалото
е исклучен, апаратот не смее да се движи
нанапред.
- Кога моторот работи, а погонот на тркалото е
вклучен, апаратот треба да се движи нанапред.
По потреба дотераjте jа точката на зафаќање
со назабеното тркало/навртката за дотерување
на рачката за погонот на тркалата или на
саjлата.
Еднаш во сезоната
Подмачкаjте ги зглобовите и вртливата
пружина на поклопецот за исфрлување.
Hа краjот на сезоната однесете го уредот на
проверка и одржување во сервис.
MK
165

Publicidad

loading