• Употреба на машината како возило за влечење.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината се
користи во близина на пат.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Машините опфатени со ова упатство не се
дизајнирани за употреба како влечно возило.
Однесување
• Додека управувате и работите, не не занесувајте и
одржувајте ја неопходната концентрација.
• Обрнете внимание кога одите во рикверц или
наназад. Погледнете зад неа пред и при движење
наназад за да обезбедите дека нема никакви
пречки.
• Обрнете внимание кога користите дополнителна
опрема којашто може да ја смени стабилноста на
машината, а особено на закосени терени.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку
од уредот со сечивото, особено при палење на
моторот и додека работите со машината..
• Држете ги рацете и нозете подалеку од потпората
на седиштето. Постои ризик од згмечување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Делот со сечивото продолжува да се врти уште
неколку секунди откако ќе се исклучи или откако ќе
го изгаснете моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ставајте повеќе од еден уред со сечиво на плочата
бидејќи уредот со ротирачко сечиво може да ја
попречи ротацијата на другото сечиво.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Во случај на дефект или инциденти во текот на
работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете
ја машината внимавајќи да не предизвикате други
оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда
или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон
постапката за давање најсоодветна прва помош за
дадената состојба и обратете се во соодветен центар
за здравствена заштита за неопходно лекување.
Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето
што може да предизвикаат дефект или повреди на
лица или животни ако останат незабележано во
машината.
Ограничување при употреба
• Никогаш не користете ја машината со оштетена
заштита, кога таа не е поставена или не е правилно
поставена (вреќа за собирање, заштита на
страничниот испуст, заштита на задниот испуст).
• Не користете ја машината ако дополнителната/
помошната опрема не се поставени на дадените
точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете
ги манометарот и безбедносните системи/
микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на непотребни сили и
не користете несоодветна машина за изведување
тешки работи; адекватно користење на машината
го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на
работата.
• Машината не е наменета за употреба на јавни
патишта. Таквата употреба (согласно Законот за
патишта) треба да се одвива само во приватни
реони без сообраќај.
3.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја
машината за да ја одржите безбедноста на машината
и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со користени
или оштетени делови. Оштетените или дефектните
делови треба да се заменат, никогаш да не се
поправаат.
• Во текот на операциите за регулирање на
машината, обрнете внимание и избегнувајте
прстите да ви се наоѓаат заглавени во уредот
со сечивото во движење и фиксните делови на
машината.
• Машината треба да ја поправа квалификувано лице
со примена на само оригинални резервни делови.
На тој начин се одржува безбедноста на машината.
• Не вршете поправки на батеријата. Поправките
мора да ги спроведува производителот или
специјализиран сервисен центар.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба на
машината. Употребата на елемент за косење којшто
не е стабилен, движењето со преголема брзина,
неодржувањето на машината, значително влијаат врз
емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за да елиминирате
можни оштетувања заради зголемена бучава
или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја
машината, носете слушалки против бучава и правете
паузи во работата.
Одлагање
За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
MK - 6