Descargar Imprimir esta página

Stiga AM 98 Li 48 V1 Manual De Instrucciones página 549

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 277
9.2.2
Уред со сечивото
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја кине
тревата така што тревникот пожолтува.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Секогаш заменувајте го во двојка уредот со сечилото
ако е оштетен, изабен или деформиран, користејќи ги
оригиналните шрафови за да се одржи рамнотежата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сите операции што се поврзани со уредот со
сечивото (вадење, острење, изедначување, поправка,
повторно ставање и/или замена) се одговорни
работи и бараат специфична компетентност покрај
соодветни алати. Од безбедносни причини, истите
треба секогаш да ги извршува специјализиран
сервисен центар.
ВНИМАНИЕ
Секогаш користете оригинални уреди со сечива,
дадени со код во табелата „Технички податоци".
ЗАБЕЛЕШКА
Заради развојот на производот, уредите со сечивото
наведени во табелата „Технички податоци" треба
со време да се заменат со други со соодветни
карактеристики за замена и функционална
безбедност.
9.3
ЗАМЕНА НА ПРЕДНИ / ЗАДНИ ТРКАЛА
9.3.1
Воведни операции
ОПАСНОСТ
Користете соодветен уред за подигнувањње.
Пред да пристапите кон замена на гумите,
спроведете ги следните дејства:
1. Поставете ја машината на цврста и рамна
површина којашто ја обезбедува стабилноста на
машината.
2. Застанете ја машината;
3. Извадете го клучот.
9.3.2
Замена на задните тркала
1. Проверете дали дигалката допира на
соодветната точката за нанесување.
2. Проверете дали дигалката е нормално поставена
во однос на теренот.
3. Вклучете го менувачот така што задните тркала
да се блокирани (пасус 6.3.1);
4. Поставете дрвени клинови (сл. 23.А) пред и зад
двете предни тркала (сл. 23.B), за да спречите
какво било случајно движење на машината кога
двете задни тркала (сл. 23.C) се подигнати над
земјата;
5. Поставете ја дигалката (сл.24.А) во центарот
на двете еластични јажиња (сл.24.B) што ги
поврзуваат преносните единици (сл.24.C),
вметнувајќи ја дрвената шипка (сл.24.D) по ред
да не се оштетуваат еластичните јажиња и да
се обезбеди добра стабилност на местото на
подигнување;
ЗАБЕЛЕШКА
Дигалката поставена како што е опишано погоре ги
подига двете тркала.
6. Дејствувајте на дигалката и подигнете ја
машината доволно за да можете удобно да го
извлечете тркалото што треба да се замени.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Проверете дали машината е стабилна и цврсто
поставена во текот на дигањето. Доколку забележите
нешто неправилно, веднаш спуштете ја дигалката,
проверете и разрешете ги можните проблеми и
подигнете ја одново.
7. Извадете го капакот (сл. 25.А).
8. Со помош на клешти, извадете ги еластичниот
прстен (сл. 25.В) и потпорниот мутер (сл. 25.С)
9. Извадете ја гумата што треба да се замени.
10. Нанесете масло на оската (сл. 25.D).
11. Поставете ја новата гума.
12. Внимателно наместете ги шајбната и
сигурносниот прстен.
ЗАБЕЛЕШКА
Уверете се дека двете задни тркала се со иста
висина (сл. 26.A) Доколку има разлика, за да
избегнете нерамно косење (сл. 26.B), регулирајте
го порамнувањето на уредот со сечивото во
авторизиран сервисен центар.
9.3.3
Замена на предните тркала(само за
модели од типот „I" и „II")
1. Вклучете го менувачот така што задните тркала
да се блокирани (пасус 6.3.1), со цел да се спречи
какво било случајно движење на машината;
MK - 25

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3