ОПАСНОСТ
Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено
во табелата, не ја користете машината. Однесете ја во
овластен сервис на проверка и поправка.
ЗАБЕЛЕШКА
Имајте секогаш предвид дека безбедносните уреди го
спречуваат палењето на електричниот мотор кога не
се почитуваат безбедносните услови. Во овие случаи,
откако ќе се врати согласноста за стартување, клучот
мора да се отстрани и повторно да се вметне (сл. 8.А)
пред машината да може повторно да се вклучи.
7.2.3
Пробно возење
Откако ќе се завршат проверките, направете тест
возење за да се уверите дека нема абнормални
звуци или вибрации, дека манипулаторот за контрола
на погонот непречено маневрира и дека машината
соодветно реагира на различните промени на
положбата.
7.3
УПОТРЕБА НА ЗАКОСЕНИ ТЕРЕНИ
Почитувајте ги ограничувањата дадени во табелата
„Технички податоци" и на сликата 13 во однос на
начинот на движење.
Имајте на ум дека нема „сигурен" закосен терен.
Движењето по терени на падини бара особено
внимание. За да избегнете превртување или загуба
на контролата врз машината:
• Никогаш не косете обратно од правецот на
закосување на теренот. Закосените тревници
треба да се минуваат секогаш во правец нагоре/
надолу, и нанапред, но никогаш попреку
внимавајќи при тоа на менувањето на правецот,
тркалата да не удираат на пречки (камења, гранки,
корења и сл.) со што може да се предизвика
странично лизгање, превртување или загуба на
контролата врз машината.
• Не застанувајте или поправајте набрзина на
нагорнина или надолнина.
• Нежно вклучете го менувачот со поставување на
менувачот на режимот „COMFORT" и особено
внимавајте за да избегнете паѓање на машината,
особено кога се движите наназад.
• Намалете ја брзината:
• пред менување на правецот на движење и на
остри свиоци;
• пред да се справите со наклон, особено по
надолнина, со цел да се обезбеди безбедно
растојание за сопирање..
• Никогаш не ставајте во рикверц за да ја намалите
брзината низ падината. Така може да се
предизвика загуба на контролата врз машината,
особено на лизгави терени.
7.4
ПАЛЕЊЕ
За палење на машината:
1. Проверете дали двата преноси се вклучени
(пасус 6.3).
2. Седнете на седиштето за управување.
3. Целосно вметнете го клучот (сл. 8.А).
За модели од типот „I" и „II" (сл. 9)
4. Почекајте неколку секунди за да се изврши
електричната проверка на машината
5. Иконите на панелот со копчиња почнуваат да
трепкаат (сл. 9.B, 9.Y, 9.Z).
6. Притиснете го копчето за палење (сл. 9.А).
7. Почекајте додека иконата „Ready" (сл. 9.M) не
почне да свети постојано.
За модели од типот „III" (сл. 9)
4. Почекајте неколку секунди за да се изврши
електричната проверка на машината.
5. Иконите на панелот со копчиња почнуваат да
трепкаат (сл. 9.B, 9.Y, 9.Z).
6. Притиснете го копчето за палење (сл. 9.А).
7. Почекајте иконите за статусот на батеријата
(сл. 9.B и 9.Y), иконата за висина на сечењето
(сл. 9.W) и останатите активни функции да
светнат .
ЗАБЕЛЕШКА
На крајот од електричната проверка накратко се
палат фаровите.
7.5
РАБОТА
7.5.1
Движење и транспорт
За време на пренос:
1. исклучете го уредот со сечивото (пасус 6.5);
2. поставете ја плочата за косење во највисоката
позиција (позиција «8»);
3. Користете го манипулаторот за влечење
насочувајќи го соодветно за да ја натерате
машината да се движи во посакуваната насока на
движење и да ја достигнете посакуваната брзина;
4. одете во локацијата на работа.
ОПАСНОСТ
Вклучувањето на преносот треба да се одвива на
опишаниотначин (пасус 6.3) за да се избегне нагло
MK - 19