Descargar Imprimir esta página

Respironics LoFlo Sidestream CO2 Instrucciones De Uso página 61

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
Чистење и дезинфекција на куќиштето на модулот, кабелот и приклучокот:
Мерки на претпазливост:
Исклучете го модулот и изладете го на собна температура пред чистењето.
Користете само одобрени средства за чистење или дезинфекција. Не потопувајте го и не стерилизирајте го.
Несоодветните техники за чистење може да доведат до потенцијална вкрстена контаминација.
Држете ги средствата за чистење и дезинфекција понастрана од садот за примероци и приклучоците.
Не влечете го и не тегнете го кабелот за време на чистењето и дезинфекцијата.
За да се намали ризикот од инфекција на болничкиот персонал и пациентите, модулот мора да се чисти и дезинфицира помеѓу пациентите.
Забелешки:
При чистењето и дезинфекцијата на модулот треба да се носи лична заштитна опрема.
Следете го упатството за употреба на производителот кога ги користите одобрените средства за чистење и дезинфекција.
Не истурајте течности на модулот додека се чисти и дезинфицира. Бришете околу, а не преку, портите на модулот.
Модулот и прозорците мора да бидат чисти и целосно суви пред повторната употреба.
Упатство за чистење
Одобрени средства за чистење:
Мек сапун
10% воден раствор од белило со 6% хлор
Big Spray New
®
Steris Coverage
спреј HB
70% етил алкохол
99% изопропил алкохол
Фенол 2% v/v
Dismozon Plus
Lysoformin
1.
Изберете средство за чистење од списокот со Одобрени средства за чистење прикажан погоре. Мешајте согласно упатството на производителот, ако треба.
2.
Исчистете го уредот со марамче од списокот или со крпа натопена со раствор за чистење. Погледнете го упатството на производителот за време на контакт.
3.
Отстранете ги остатоците од средството за чистење со чиста крпа натопена со вода.
4.
Темелно исушете го уредот со марамчиња без влакненца.
Упатство за дезинфекција
Одобрено средство за дезинфекција: само 70% изопропил алкохол
1.
Користете марамче без влакненца, влажно, но не натопено, со 70% изопропил алкохол. Темелно заситете ги сите површини на модулот, кабелот и
приклучокот.
2.
Дозволете сите површини да останат видливо влажни десет (10) минути. Ако е потребно, користете дополнителни марамчиња за да се погрижите
површините да останат влажни во тој период.
3.
Отстранете ги остатоците од средството за дезинфекција со чиста крпа натопена со вода.
4.
Темелно исушете го уредот со марамчиња без влакненца.
Течност Oxygenon/течност Descogen
Descosept Pur
70% изопропил алкохол
Гермицидни марамчиња за еднократна употреба со
белило PDI Sani-Cloth
Гермицидни марамчиња за еднократна употреба PDI
Super Sani-Cloth
Гермицидни марамчиња за еднократна употреба PDI
Sani-Cloth Plus
Гермицидни марамчиња за еднократна употреба
PDI Sani-Cloth HB
Гермицидни марамчиња за еднократна употреба
PDI Sani-Cloth AF-3
Марамчиња Diversey Oxivir Tb
Спорицидни марамчиња Clinell
Универзални марамчиња за дезинфекција Clinell
Metrex CaviWipes
59

Publicidad

loading