Воведни Операции - Mountfield M44 Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 55
MK
БЕЗБЕДНОСНИ РЕГУЛАТИВИ
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата.
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да го
запирате моторот.
2) Користете ја тревокосачката за она за што е
наменета, т.е. за косење трева. Каква било друга
употреба може да биде опасна и да предизвика
оштетување на машината.
3) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не се запознаени со
основните упатствата. Локалните законски прописи
ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
4) Никогаш не користете ја тревокосачката:
– кога во непосредна близина има други лица,
особено деца или животни;
– доколку корисникот користел лекови или други
штетни супстанци што влијаат на капацитетот за
навремено реагирање или внимание.
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот.
Б) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Во текот на косењето, секогаш носете цврсти
обувки и долги пантолони. Не користете ја
тревокосачката со боси нозе или отворени сандали.
2) Проверете ја темелно целата површина за работа
и отстранете сe што би можело да биде отфрлено
од машината и да ги оштети сечивото и моторот
(камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Горивото е лесно
запалливо.
– конзервирајте го горивото во соодветен склад;
– наполнете гориво со помош на инка само на
отворено и не пушете во текот на оваа операција
и секој пат кога се ракува со горивото;
– полнете гориво пред да го запалите моторот;
никогаш немојте да дополнувате гориво или да го
отворате капачето на резервоарот додека моторот
работи или е уште загреан;
– ако се истури гориво, немојте да го палите
моторот, туку прво отстранете ја машината од
местото на истурање и избегнувајте палење на оган
додека не испари целото истурено гориво и додека
испарувањата не се распрснат;
– секогаш докрај затворајте го капачето на
резервоарот и на садовите со гориво;
4) Заменете ги неисправните пригушувачи;
5) Пред употреба, направете детален преглед со
особено внимание на сечивата и проверете дали
навртките и уредот за косење се истрошени или
оштетени. Заменете ги сите сечива и оштетени или
истрошени навртки за да ја одржите рамнотежата.
6) Пред да започнете со работа, поставете ги
заштитите на излезот (корпа или браник).
МАКЕДОНСКИ
В) ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО
1) Не палете го моторот во затворен простор каде
може да се соберат опасни јаглерод– моноксидни
гасови.
2) Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление.
3) Ако е можно, избегнувајте работа на мокра трева.
4) Секогаш проверувајте го своето потпориште на
закосени терени.
5) Никогаш не трчајте, туку одете избегнувајќи при
тоа да ве влече тревокосачката.
6) Косете попречно на закосен терен, никогаш
нагоре – надолу.
7) Обрнете максимално внимание на промена на
теренот при закосеност.
8) Никогаш не косете на терени со закосеност
над 20°.
9) Обрнете максимално внимание кога ја влечете
тревокосачката кон себе.
10) Застанете го сечивото ако тревокосачката
треба да се навали при транспорт, кога се поминува
преку терени без трева и кога тревокосачката се
носи кон теренот на кој треба да се коси и обратно.
11) Никогаш не вклучувајте ја тревокосачката ако
штитниците се оштетени или без браници или корпа
за покосената трева.
12) Не менувајте ги регулациите на моторот и
немојте да го користите при превисоки вртежи.
13) Кај моделите со погон на влечење, исклучете ја
спојницата за пренос на тркалата пред да го
вклучите моторот.
14) Внимателно вклучете го моторот според
упатството внимавајќи нозете да се подалеку од
сечивото.
15) Не закосувајте ја тревокосачката во движење.
Вклучувајте ја на рамни површини, исчистени од
препреки и висока трева.
16) Не приближувајте ги рацете или нозете до
или под деловите што ротираат. Секогаш држете
се оддалечени од отворот за празнење.
17) Не подигнувајте ја или не транспортирајте ја
тревокосачката кога работи моторот.
18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на
свеќичката:
– пред каква било интервенција под плочата за
косење или пред чистење на спроводникот за
празнење;
– пред проверка, чистење или работа на
тревокосачката;
– по удар во страни предмети. Проверете дали има
евентуални оштетувања на тревокосачката и
поправете ги пред да одново да ја користите
машината;
– ако тревокосачката започне да вибрира на
ненормален начин (веднаш побарајте ја причината
за вибрациите и отстранете ја).
19) Запрете го моторот:
– секојпат кога ја оставате тревокосачката без
надзор; Извадете го клучот кај моделите со
електрично палење;
– пред дополнување со гориво;
– секојапат кога се вади или поставува корпата за
покосена трева;
– пред да ја регулирате висината на косење.
139
MK

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido