MK
клучот за палење, веројатно акумулаторот потполно
празен.
Извадете го акумулаторот со отворање на
соодветниот капак и со вадењење на стеглаките од
моторот (сл. 16). Приклучете го полначот за
акумулаторотот (што е доставен) на акумулаторот и
потоа поврзете го полначот во штекер на ѕид и
полнете го 24 часа (сл. 17).
По полнење, поставете го акумулаторот и поставете
ги стеглаките на акумулаторот на моторот (сл. 18).
Не приклучувајте го полначот за акумулатори
директно на спојниците на моторот. Полначот за
акумулатори не смее да се користи како извор на
напојување за придвижување на моторот бидејќи
може да го оштети.
ЧУВАЊЕ ВО ЗИМА
Извадете го акумулаторот потполно наполнет и
складирајте го на суво и ладно место (видете
погоре) (меѓу 0°C e +15°C). Најмалку барем еднаш во
текот на зимата треба да извршите едно
дополнително полнење заради одржување на
акумулаторот.
Пред почетокот на сезоната, полнете го
акумулаторот 24 часа.
РЕГУЛАЦИЈА НА КАБЕЛОТ НА СПОЈНИЦАТА (*)
Во случај кога спојницата не се активира со
соодветно притискање на рачката кон држачот или
ако косачката тешко или споро се движи, причината
може да биде пролизгување на спојницата. За да го
елиминирате проблемот, регулирајте го кабелот за
спојницата како што следи (со исклучен мотор).
1. Косачката може лесно да се поттурне наназад
кога рачката за спојницата е оптуштена. Во
обратен случај, затегнувајте ја Т-спојницата сe
додека не се овозможи поттурнување на
косачката (сл. 19).
2. Со притискање на рачката за спојницата
навнатре за околу 2 цм. (позиција 1) при
поттурнување на косачката треба да се осети
одреден отпор. Кога пак рачката за спојницата е
притисната навнатре докрај (позиција 2) не би
требало веќе да биде можно да се поттурнува
косачката. Попуштајте ја Т-спојницата додека не
ја постигнете оваа положба.
РЕГУЛАЦИЈА НА КАБЕЛОТ НА ВАРИЈАТОРОТ (*)
Во случај кога разликата во брзина межу позициите
на командата за варијаторот за максимална брзина
(позиции 3 и
) е минимална или нула, веројатно
треба да се затегне кабелот на варијаторот.
1. Оставете ја косачката да работи во позиција **
неколку минути
.
МАКЕДОНСКИ
2. Ако забележите празен од на кабелот на
варијаторот во однос на спојката Y, потребно е да
го затегнете кабелот. Порамнете ја завртката X и
држете го кабелот зашрафувајќи ја спојката Y
докрај сe додека не се елиминира празниот од на
кабелот.
3. Зашрафете ја завртката X.
ЗАБЕЛЕШКА! Кабелот не смее да се затегнува
повеќе од точката на која е анулиран празниот од во
однос на спојката Y. Ако кабелот е премногу
затегнат, преносниот ремен може да пукне и/или
може да се оштетат други делови на преносниот
механизам. При регулација по замена на ременот на
пр., започнете секогаш кога спојката Y е целосно
затегната.
АМОРТИЗЕР
Сл 20. Проверувајте ги амортизерот и спојниците за
изолација двапати во секоја сезона и заменете ги
ако се оштетени или истрошени.
ЗАМЕНА НА СЕЧИВАТА
Разлабавете ги навртките за замена на ножевите
(сл. 21 и 22). Поставете го новото сечиво така што
ознаката на производителот да се наоѓа кон носачот
на сечивото (не кон тревата). Поставете одново
како што е прикажано. Правилно зашрафете ги
навртките. Зашрафете со затегнувачки момент од
40 Nm.
При замена на сечивото, неопходно е да се заменат
и соодветните навртки.
ОСТРЕЊЕ НА СЕЧИВОТО
Острењето на сечивата мора да се изведува со
мокра постапка, со помош на мокар камен или плоча
за брусење.
Од безбедносни причини, сечивата не смее да се
острат со брусилка. Сечивата се кршливи при
високи температури.
Бензинот не смее да остане во резервоарот подолго
од еден месец.
Детално исчистете ја косачката и оставете ја на
суво и покриено место.
Оригиналните резервни делови се набавуваат во
сервисните центри или кај авторизираните
застапници.
Се препорачува машината да ја однесете во
овластен сервис еднаш годишно на детален преглед,
одржување и сервисирање на безбедносните
делови.
Контактирајте со застапникот за помош и резервни
делови.
144
ЧУВАЊЕ
ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
MK