USB поврзување
Може да поврзувате USB-уреди до вашиот ТВ
преку USB-влезот на телевизорот. Оваа опција
дозволува приказ/ репродукција на JPG или МР3-
датотеки складирани на USB. Можно е одредени
видови на USB-уреди (на пр. MP3-плеери) да не се
компатибилни со овој ТВ-уред. Треба да ги зачувате
вашите датотеки пред да направите било какво
поврзување со телевизорот за да избегнете губење
на податоци. Имајте предвид, производителот не
сноси одговорност за оштетувањетп на датотека
или за губење на податоци. • Не извлекувајте го
USB-модулот додека се репродуцира датотека.
Внимание: Брзото исклучување и вклучување
на USB уредите е многу опасна операција.
Особено не приклучувајте го или извлекувајте
го уредот неколку пати по ред. Тоа може да
предизвика физичко оштетување на УСБ-
плеерот и особено на самиот УСБ уред.
Ставање батерии во далчинскиот управувач
Отстранете го прво шрафот што го обезбедува
капакот на одделот за батерии на задниот дел на
далечинскиот управувач. Подигнете го капакот
нежно. Вметнете две батерии AAA. Проверете
дали знаците (+) и (-) се поклопуваат (внимавајте
на поларитетот). Не користете стари и нови
батерии истовремено. Заменете ги само со ист
или истоветен тип. Вратете го капакот. Потоа,
зашрафете го повторно капакот.
Информации од важност за животната
средина
Овој ТВ-уред е дизајниран како позитивен за
животната средина. За намалено трошење струја,
следете ги овие чекори:
Ако ја поставите опцијата Заштеда на енергија
на минимално, средно, максимално или авто,
сателит
антена
или
кабел
Македонски - 12 -
ТВ-уредот ќе го намали трошењето соодветно.
Ако сакате да го поставите позадинското светло
на фиксна вредност, поставете го на По мерка и
приспособете го позадинското светло (лоцирано
под поставката Заштеда на енергија) мануелно
со копчињата „лево" и „десно" на далечинскиот
управувач. Поставете го на Исклучено за да ја
исклучите поставката.
Забелешка: Достапните опции за заштеда на
енергија може да се разликуваат во зависност
од избраниот режим во менито Систем>Слика.
Поставката Заштеда на енергија се наоѓа во
менито Систем>Слика. Имајте предвид дека
некои поставки на сликата нема да може да се
променуваат.
Ако се притисне десното копче додека е избрана
опсијата авто или левото копче додека е избрана
опцијата По мерка, на екранот ќе се појави
пораката „Екранот ќе се исклучи за 15 секунди".
Изберете Продолжи и притиснете OK за веднаш
да го исклучите екранот. Ако не притиснете ниедно
копче, екранот ќе се исклучи за 15 секунди.
Притиснете кое било копче на далечинскиот
управувач или на ТВ-уредот за повторно да го
вклучите екранот.
Забелешка: Опцијата Исклучи екран не е
достапна ако режимот е поставен на игра.
Кога телевизорот не се користи, ве молиме
исклучете го од главниот штекер. Ова ќе ја намали
потрошувачката на енергија.
Известувања при режим на мирување
Ако ТВ-уредот не прими влезен сигнал (на пр.
од
антена или извор HDMI source) за 5 минути,
ТВ-уредот ќе оди во режим на мирување. При
следното вклучување на ТВ-уредот, ќе се прикаже
следнава порака:
„Телевизорот прејде автоматски
во режим на приправност затоа што немало
никаква активност подолг
ОК за да продолжите.
Опцијата Автоматско гасење на ТВ-уредот (во
менито Систем>Поставки>Повеќе) може да се
постави стандардно на вредност помеѓу 1 и 8
часа. Ако оваа поставка се промени и телевизорот
е оставен вклучен и без да се управува со него
за време на поставеното време, тој ќе премине
во мирување по истекот на определеното време.
При следното вклучување на ТВ-уредот, ќе се
прикаже следнава порака:„Телевизорот прејде
автоматски во режим на приправност затоа
што немало никаква активност подолг
Притиснете ОК за да продолжите.
период." Притиснете
период."