Dolby Vision-
известување(**)
Позиција на компјутер
Автоматско
поставување на
позиција
Позиција Х
Позиција В
Фрекфенција на
точка
Фаза
Ресетирање
Додека сте во VGA (PC)-режим, некои опции во менито за слика не се достапни. Наместо тоа, VGA-
режимот за поставки ќе биде додаден во поставките на сликата додека сте во режимот за компјутер.
Систем - Содржина на менито за звук
Гласност
Еквилајзер
Рамнотежа
Слушалки
Режим на звукот
Аудио врска(**)
АОЗ (Автоматско
ограничување звук).
Слушалки/Излез за
линија
DTS TruSurround HD(**)
Дигитален излез
Засилување на бас(**)
(**)(ако е достапно)
Ги поставува преференциите за изгледот на известувањето за содржината Dolby
Vision Кога е вклучена, логото Dolby Vision ќе се прикаже да горната десна страна на
екранот кога ќе се забележи Dolby Vision-содржина.
Се појавува само кога изворот е поставен на VGA/PC.
Го оптимизира приказот автоматски. Притиснете ОК за да оптимизирате.
Оваа опција ја поставува сликата во хоризонтална положба на десната или левата
страна на екранот.
Оваа опција ја поставува сликата во вертикална положба кон горниот или долниот
дел од екранот.
Подесувањето на фрекфенцијата на точките ги поправаат пречките кога се јавуваат
вертикални ленти во интензивно точкести презентации, како табели или параграфи,
или се појавува текст во помали фонтови.
Во зависност од изворот (компјутер и др.) можете да имате замаглена или нечиста
слика на екранот. Можете со пробувањеда ја поставите фазата и да добиете почиста
слика.
Ги подесува поставките на сликата на почетните поставки (освен режимот Игра).
Го одредува нивото на звукот.
Го избира режимот на еквилајзерот. Поставките можат да се прилагодат по желба
само во режимот Корисник.
Прилагодува дали звукот доаѓа од левиот или од десниот звучник.
Го подесува звукот на слушалките.
Ве молиме, обезбедете нивото на звукот да е поставено на ниско пред да ги
користите слушалките, за да не си го повредите слухот.
Можете да изберете режим на звук (ако избраниот канал го поддржува тоа).
Притиснете OK за да го отворите екранот на менито Аудио врска. Со овој екран
можете да ги откриете и да ги поврзете звучните уреди на вашиот ТВ-уред безжично,
преку.
Го поставува звукот на фиксирано ниво помеѓу програмите.
При поврзувањето на надворешен засилувач на вашиот ТВ-уред користејќи
го приклучокот за слушалки, можете да ја изберете оваа опција како Излез за
линија. Ако на телевизорот сте поврзале слушалки, поставете ја оваа опција како
Слушалки.
Ве молиме, пред да ги користите слушалките, обезбедете овој избор од менито
да е поставен на Слушалки. Ако е поставен како Излез на линија, излезот од
приклучокот на слушалките ќе биде ставен на максимум, а тоа би можело да ви го
оштети слухот.
Го активира или деактивира DTS TruSurround HD.
Го поставува типот на дигиталниот аудио излез.
Го контролира нивото на засилување на басот. Поставете го со копчето Лево или
Десно.
Македонски - 19 -