Пренос - Stiga BC 636 Serie Manual De Instrucciones

Desbrozadora de motor portátil manualmente
Ocultar thumbs Ver también para BC 636 Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 164
4.5.1 Поставување на калемот
со конецот
1. Поставете го внатрешниот прстен
(сл. 8.A) на оската на посочениот
начин обезбедувајќи назабувањата
да се поклопат совршено со оние на
аголниот продолжувач (сл. 8.B).
2. Ставете го доставениот клуч (сл. 8.C)
во соодветниот отвор на аголниот
продолжувач (сл. 8.D) и свртете
го со рака тој прстен притискајќи
го клучот (сл. 8.C) додека не се
заглави, блокирајќи ја ротацијата.
3. Поставете ја макарата со конецот
(сл. 8.F) вртејќи ја обратно од
стрелките на часовникот.
4. Извадете го клучот (сл. 8.C) за да
ја воспоставите ротацијата.
ВАЖНО Кога ја користите макарата
со конецот, внимавајте секогаш да е
поставена заштитата (сл. 8.E), со ножичките
за сечење на конецот (сл. 24.A).
4.5.2 Вадење на калемот со конецот
1. Ставете го доставениот клуч (сл. 8.C)
во соодветниот отвор на аголниот
продолжувач (сл. 8.D) и свртете
го со рака тој прстен притискајќи
го клучот (сл. 8.C) додека не се
заглави, блокирајќи ја ротацијата.
2. Извадете ја макарата со конецот
(сл. 8.F) вртејќи ја во правец на
стрелките на часовникот.
4.5.3 Поставување на сечивото со
3 запци, 4 запци, 8 запци и
сечивото за пилата (ако има)
Ставете ја заштитата за сечивото.
1. Поставете го внатрешниот прстен
(сл. 9.A, сл. 10.A) на оската на посочениот
начин обезбедувајќи назабувањата
да се поклопат совршено со оние на
аголниот продолжувач (сл. 9.B, сл. 10.B).
2. Поставете ги сечивото (сл. 9.C, сл. 10.C)
и надворешниот прстен (сл. 9.D, сл. 10.D)
со рамната страна свртена кон сечивото.
3. Ставете го доставениот клуч
(сл. 9.E, сл. 10.E) во дадениот отвор на
продолжувачот, свртете го сечивото
со рака (сл. 9.C, сл. 10.C) и притиснете
го клучот (сл. 9.E, сл. 10.E) да влезе во
отворот на аголниот продолжувач(сл. 9.B,
сл. 10.B), за да се блокира ротацијата.
4. Поставете го капакот (сл. 9.F,
сл. 10.F) и затегнете ја навртката (сл. 9.G,
сл. 10.G) затегнувајќи ја докрај обратно
од правецот на стрелките на
часовникот (25 Nm).
5. Извадете го клучот (сл. 9.E, сл. 10.E)
за да ја овозможите ротацијата.
4.5.4 Вадење на сечивото со 3
запци, 4 запци, 8 запци и
сечивото за пилата (ако има)
Ставете ја заштитата за сечивото.
1. Ставете го доставениот клуч
(сл. 9.E, сл. 10.E) во дадениот
отвор, свртете го сечивото со рака
(сл. 9.C, сл. 10.C) и притиснете го клучот
(сл. 9.E, сл. 10.E) да влезе во отворот
на аголниот продолжувач(сл. 9.B,
сл. 10.B), за да се блокира ротацијата.
2. Одвртете ја навртката (сл. 9.G, сл. 10.G)
во правецот на стрелките на часовникот
и извадете го капакот (сл. 9.F, сл. 10.F).
3. Извадете го надворешниот прстен
(сл. 9.D, сл. 10.D), потоа извадете
ги сечивото (сл. 9.C, сл. 10.C) и
внатрешниот прстен (сл. 9.A, сл. 10.A).
4.6 ПОСТАВУВАЊЕ НА
ФЛЕКСИБИЛНАТА
ЦЕВКА ЗА ПРЕНОС
1. Извадете ја заштитата (сл. 11.A) од двата
краја на флексибилната цевка за пренос
(сл. 11.B), ако се различни еден од
2. Извадете ја заштитата (сл. 12.A)
од издадената цевка (сл. 12.B)
во задната рачка (сл. 12.C)
3. Вметнете го крајот со жлебот (Сл.
12.D) во испакната цевка (сл. 12.B) во
задната рачка (сл. 12.C) и фиксирајте
со шрафот (сл. 12.E), проверувајќи
дали ќе остане блокирано.
4. Притиснете го клинот (сл.13.A)
и вметнете ја флексибилната
цевка (сл. 13.B) во седиштето на
погонската единица (сл. 13.C).
5. Ослободете го клинот (сл.13.A) за да го
блокирате крајот на цевката (сл.13.B).
6. Отстранете ја заштитната гума (сл.13.D) и
каблите нека поминат низ неа (сл.13.Е).
7. Отворете го заштититниот уред
за кабелот на забрзувачот (сл.
13.F) со помош на шрафцигер.
8. Поврзете ги каблите (сл.13.G) и (сл.13.H).
MK - 9
друг.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido