• SD 98 Li 48 серија V1/V2 и SD
108 Li 48 серија V3 може:
1. да коси трева и странично да ја
распредели на површината.
2. да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли
на земја (ефект на мулчирање, ако има).
Употребата на одредена дополнителна
опрема којашто ја предвидел производителот
како оригинална опрема и делови што
се набавуваат засебно, дозволуваат да
ја завршите оваа работа на различни
начини, дадени во ова упатство, и
во упатството што се доставува со
дадената дополнителна опрема.
Исто така, намената може да се зголеми со
користење на дополнителната опрема (ако е
предвидено од страна на Производителот),
почитувајќи ги ограничувањата и
условите наведени во упатствата
дадени со дополнителната опрема.
4.1.2 Несоодветна употреба
Секоја друга употреба, што не е наведена
погоре, може да претставува опасност за
луѓето и/или да ги оштети предметите. Се
отфрлаат при неправилна употреба (како
пример, но не се ограничува на следното):
• Транспортот на други лица, деца или
животни со косилката, може да доведе
истите да паднат и да се здобијат со
тешки повреди или да го попречат
безбедното управување на операторот;
• туркање товар;
• користење на косилката на нерамни,
лизгави, замрзнати, камени, површини,
во близина на мочуришта или бари, каде
што нема услови за проценка на теренот;
• Вклучување на сечилата врз
површини без трева;
• употреба на косилката за
собирање лисја или остатоци.
НАПОМЕНА
Несоодветната употреба на косилката
ја поништува гаранцијата и го
ослободува Производителот од секаква
одговорност, и целата одговорност за
штета или повреда на корисникот или
трети лица, ја сноси корисникот.
4.1.3 Тип на корисник
Оваа косилка е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
не се професионалци. Наменета е
за „употреба за хоби" и мора да ја
користи само еден оператор.
4.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На косилката има разни симболи (сл. 2 ).
Нивната функција е да го потсетат корисникот
на неопходноста од внимателна употреба.
Значење на симболите:
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Сите оштетени или нечитливи налепници
мора да се заменат. Нарачајте резервни
ознаки од Овластен сервисен центар.
MK - 8
ВНИМАНИЕ
Пред употреба прочитајте ги
упатствата.
ВНИМАНИЕ
Извадете го клучот, и
прочитајте ги упатствата
пред одржување
или поправка.
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛЕНИ
ПРЕДМЕТИ.
Не ракувајте доколку не се
инсталирани обезбедувачот
за задно исфрлање, или
корпата за трева. (само за
модели со систем за задно
собирање).
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛЕНИ
ПРЕДМЕТИ.
Не работете без да го
поставите каналот за
странично исфрлање. (само
за модели со странично
исфрлање)
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛЕНИ
ПРЕДМЕТИ.
За време на користењето на
косилката, сите луѓе треба
да бидат подалеку и надвор
од работната област.
РИЗИК ОД ПРЕВРТУВАЊЕ
НА КОСИЛКАТА:
Не ја употребувајте
косилката на стрмнина
поголема од 10°.
ОПАСНОСТ ОД ДРОБЕЊЕ
Уверете се дека децата се
на безбедно растојание од
косилката додека работи.
ОПАСНОСТ ОД
ИСЕЧЕНИЦИ
Сечила во функција. Не ги
ставајте рацете или нозете
во куќиштето на сечилото.