Икона за рачката за
активирање / деактивирање
на менувачот
Иконата на сл. 13.O се пали
кога менувачот не е вклучен
(види пас. 6.3 и погл. 15).
Икона за присутен оператор
Иконата на сл. 13.P се пали
кога операторот ќе стане од
седиштето (види пас. 7.2.2).
Иконата за копче
за итни случаи
Иконата на сл. 13.Q се пали
ако е активирано копчето за
итни случаи (види пас. 6.5).
6.9.2 Панел со копчиња (тип „II") сл. 13
Копче за стартување
на косилката
Кога клучот е целосно вметнат,
ова копче (сл. 13.A) ја вклучува
косилката и ги овозможува
сите функции.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако се исполнети сите услови
за безбедност, се пали иконата
„ПОДГОТВЕНО" (сл. 13.K) и
косилката е подготвена за
употреба (види погл. 7.4).
Копче за активирање и
деактивирање на сечилата
Притиснете го копчето
сл. 13.B за да ги активирате/
деактивирате сечилата.
• Кога сечилата се активирани,
тие почнуваат да работат
по неколку секунди.
• Кога сечилата се
деактивирани, истовремено
се вклучува и сопирачката
за да го запре ротирањето
за неколку секунди.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако ги активирате сечилата
без преземање на неопходните
мерки за безбедност, косилката
ќе се исклучи и не може повторно
да се стартува (види пас. 7.2.2)
Копче за активирање
на функцијата за
косење во рикверц
Со притискање и задржување
на копчето сл. 13.C се дава
согласност за косење во рикверц.
За косење во рикверц,
активирајте ги сечилата
и истовремено задржете
го копчето.
ЗАБЕЛЕШКА
Единечен звучен сигнал
укажува дека нема согласност
за косење во рикверц.
Копче за вклучување
на светлото
Со притискање на копчето
сл. 13.D светлото се
вклучува/исклучува.
Кога светлата се вклучени,
се пали иконата на сл. 13.L
MK - 15