medi Spinomed Instrucciones De Uso página 62

Ocultar thumbs Ver también para Spinomed:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 14
Македонски
Spinomed
Упатства за поставување на ортоза
на пациентот
Почитуван пациент, Вашиот доктор
Ви препорача да носите Spinomed.
За да Ви го олесниме поставувањето,
прочитајте ги внимателно овие
упатства.
Поставување на ортозата
За да Ви биде полесно да ја облечете
ортозата, корисно е да застанете пред
огледало. Ставањето на Spinomed се
заснова на принципот на ставање
ранец:
• Отворете ја големата лепенка на
предниот дел.
• Ставете ја ортозата како што сте
навикнати да ставате ранец (Сл. 5).
Грбната шина мора да лежи на грбот
со потполнката (Сл. 8).
• Вовлечете ја десната рака во јамката
на десната страна на прицврстувачот.
Држете ја левата половина од
прицврстувачот со другата рака и
затворете го стомачниот дел (Сл. 6).
Ортозата лежи правилно кога долниот
раб на прицврстувачот е директно
над слабината (Сл. 7).
Сега проверете пред огледалото
• Положбата на грбната шина; треба
удобно да лежи на 'рбетот. Долниот
раб на шината е на ниво на крстот
(Сл. 8).
• Текот на ремените; не смее да има
превиткување на ремените, освен
кај токата за отклонување (Сл. 2).
• Седиштето на потполнките на рамото;
ременот не смее да се насобира кај
пазувите (Сл. 4).
• Токи за отклонување ; не смеат да
вршат притисок на страните.
®
Внимание
За да се спречи лизгање на грбната
шина, ремените на скутот мора да се
позатегнати од рамените ремени. Мало
лизгање на шината нагоре нема ефект
врз функцијата на ортозата.
Сепак, за погодност, треба повторно да
ја повлечете грбната шина надолу.
Употреба
Во фазата на навикнување и
постепено враќање на мускулната
активност, Spinomed треба да се носи
само 1-2 часа на ден. Времетраењето
на носењето може постепено да се
зголемува за време на терапијата.
Ортозата треба да ја извадите ако
седите или лежите подолго време.
Доколку е потребно, ортозата мора
да ја прилагоди вашиот ортопедски
техничар. Вашето прифаќање и
соработка играат важна улога во оваа
грижа. Затоа, ако наидете на какви
било проблеми, разговарајте со вашиот
лекар или ортопедски механичар. Тие
потоа може да направат какви било
промени на вашиот Spinomed. Морате
да ги следите упатствата на вашиот
лекар за успешна терапија.
Не носете го Spinomed директно на
кожата, туку облечете маица со кратки
ракави или поткошула под ортозата.
Упатства за нега
Ремените, рамените потполнки и
големата лепенка можат да се перат
на рака во вода со благ детергент.
Грбната шина со потполнки може да
се чисти со влажна крпа. По потреба,
задната потполнка може да се
отстрани (Сл. 1) и исто така да се пере
на рака во вода. Seifenrückstände,
Cremes oder Salben können Hautirrita-
tionen und Materialverschleiß hervor-
rufen.
• Не користете белило.
• Сушете на воздух.
• Не пеглајте.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido