КОМПАТИБИЛНОСТ
Комплетите водови и главните кабли IntelliVue за ЕКГ може да се користат со сите ЕКГ монитори/
дефибрилатори што се наведени како додатоци во упатството за користење на производот.
Проверете дали комплетите водови се приклучени во соодветните главни кабли за ЕКГ кои се
наменети за ист број на водови. Некомпатибилните компоненти можат да предизвикаат проблеми во
перформансите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Прикачете ги сите соодветни ознаки испорачани со овие производи на каблите/приклучоците.
• Секогаш чистете/дезинфицирајте ги каблите за пациенти кога ќе ги извадите од пакувањето при
првото користење.
• Пред употребата, прочитајте и разберете ги сите предупредувања наведени во ова упатство за
користење. Исто така погледнете го упатството за користење на мониторот/дефибрилаторот за да
ги дознаете дополнителните предупредувања и мерки на претпазливост.
• Погледнете го упатството за користење на мониторот/дефибрилаторот за да дознаете информации
поврзани со правилното поставување на водовите/електродите во согласност со стандардот AAMI
или IEC-практиките.
• Не користете го комплетот водови или кабелот ако при визуелната проверка забележите
контаминирачки течности/влакна во приклучоците на кабелот или друго видливо оштетување на
кабелот.
• Проверете дали водовите се добро поврзани со главниот кабел и дали главниот кабел е правилно
приклучен во мониторот/дефибрилаторот. Во спротивно, можно е да добиете погрешни
физиолошки податоци за пациентот.
• Проверете дали пациентот има соодветно заземјување при електрохируршките процедури (ESU) за
да спречите повреда на пациентот/корисникот (односно електричен удар).
• Овие кабли не се наменети за користење во MRI-опкружување бидејќи тоа може да резултира со
изгореници кај пациентот.
• За да избегнете повреда на пациентот, проверете дали каблите се добро поставени за да не дојде до
заплеткување, давење и задушување.
• Кога следите ЕКГ во операционата сала, користете додатоци кои имаат соодветна ESU-заштита
(портокалови комплети водови за операциона сала или ICU-комплети водови во комбинација со
главни кабли за операциона сала од Philips 989803170171 или 989803170181) за да спречите
повреда на пациентот (односно изгореници).
• Комплетите водови OR и/или главните кабли ОR не може да се користат за мерење респирација.
ВНИМАНИЕ
• Сојузниот закон (САД) ја ограничува продажбата на овој уред од страна или по налог на
здравствен работник.
• Не ги користете во премногу влажни опкружувања или во услови кои подлежат на влијание од
масивни течности (на пр., дожд).
• Не потопувајте ги приклучоците на кабелот во каква било течност.
• Не чистете ги каблите со автоклав и не користете уреди за ултразвучно чистење.
• Не чистете ги електричните контакти на приклучокот на кабелот или приклучоците со белило.
• Очекуван работен век на овие производи е 18 месеци при стандардна клиничка употреба.
• Не исклучувајте го кабелот со влечење на жиците на водовите.
• Не заборавајте да го проверите кабелот визуелно пред да го прикачите на пациент или во монитор/
дефибрилатор. Погледнете го делот Визуелна проверка пред употребата подолу.
ВИЗУЕЛНА ПРОВЕРКА ПРЕД УПОТРЕБАТА
Пред да прикачите кабел на пациент или во монитор, визуелно проверете дали кабелот е при крај на
работниот век. Проверете дали има пукнатини, испакнатини, лупење, изложени жици, оштетени
приклучоци и слична амортизација или оштетување кои може да предизвикаат погрешни
отчитувања или повреда на пациентот/корисникот (односно исекување). Секогаш кога при
визуелната проверка ќе забележите дека кабелот повеќе не е соодветен за континуирана употреба,
придржувајте се до соодветните постапки за депонирање на производот (погледнете во
ДЕПОНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ).
78