Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 BLLT Manual Original página 62

Ocultar thumbs Ver también para M18 BLLT:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Напон на батерија
Број на вртежи без оптеретување, најмал број на вртежи
Број на вртежи без оптеретување, најголем број на вртежи
Макс. ø конец за сечење
Максимален дијаметар на сечење
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 2,0 Ah...12,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени
согласно стандардот EN 50636 / EN ISO 4871.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности
(векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 50636.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
Вибрација на предна рачка
Вибрација на задна рачка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на
тестирање даден во EN 60335-1 / EN 50636-2-91 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто
така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Внимателно прочитајте го упатството
за употреба и запознајте се со елементите за употреба и со
начинот за соодветна употреба на алатката. Сочувајте ги
сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ТРИМЕР ЗА ТРЕВА
Инструкции за употреба
Внимателно прочитајте го упатството за употреба и запознајте
се со елементите за употреба и со начинот за соодветна
употреба на алатката.
Немојте да дозволите, деца, лица со ограничена телесна,
сензорска или душевна способност или недостаток на искуство
и знаења или лице, кои што не се запознаени со упатството за
употреба, да ја користат оваа машина. Локалните прописи може
да ја ограничат возраста на операторот.
Децата треба да бидат под надзор, како сигурност дека нема да
играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот не смее да вршат деца без
соодветен надзор.
Обрнете внимание на тоа, дека Вие како управувач со алатката
сте одговорен за незгоди или опасности, кои што при нeјзина
употреба ќе настанат кај други лица и кај нивна сопственост.
Подготовка
Проверете пред неговата употреба дали уредот има оштетени,
отсутни или погрешно поставени поклопки или заштитни
механизми.
122
M18 BLLT
Тример за трева на батерии
491602 01 XXXXXX MJJJJ
18 V
0-4600 min
-1
0-6200 min
-1
2,4 mm
400 mm
5,39 kg ... 5,85 kg
-18...+50 °C
M18B...; M18HB...
M12-18...; M1418C6
75 dB(A) / 3 dB(A)
95 dB(A) / 3 dB(A)
< 2,5 m/s
2
/ 1,5 m/s
< 2,5 m/s
/ 1,5 m/s
2
Никогаш не го употребувајте градинарскиот апарат кога во
непосредна близина се наоѓаат деца или домашни миленичиња.
При употреба на апаратот користете целосна заштита на очите.
При работа на места, каде што постои опасност од пад на
предмети, мора да се носи заштита на главата.
Користењето на штитник за уши може да ја ограничи
способноста на лицето што го носи да слушне сигнали за
предупредување. Особено треба да обрете внимание на можни
опасности во близина и на работното подрачје.
Носете долги, дебели пантолони, чизми и ракавици. Немојте да
носите широка облека, куси пантолони или накит. Немојте да
одите боси.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над должината
на рамениците, за да спречите косата да се закачи на
подвижните делови од машината.
РАБОТА СО УРЕДОТ
Чувајте го електричниот и продолжниот кабел подалеку од
механизмите за сечење.
За време на употребата на алатката носете штитник за очи и
цврсти чевли.
Алатката да не се користи при лошо време – особено не тогаш,
кога постои опасност од удар на гром.
Употребувајте го градинарскиот апарат исклучиво на дневна
светлина или на квалитетно вештачко светло.
Уредот никогаш да не се пушта во погон доколку има оштетени
или отсутни покривки или заштитни механизми.
МАКЕДОНСКИ
Вклучете го моторот дури рацете или нозете ќе Ви бидат надвор
од дофат на механизмот за сечење
Батеријата да се отстрани секогаш
- кога уредот не е под контрола
- пред да отклоните дефект
- да преземете активности за контрола и чистење на
машината
- кога при сечење сте допреле страно тело
- кога уредот ќе почне да вибрира премногу силно
Ве молиме внимавајте на повреди на рацете и нозете што може
да настанат од механизмите за сечење.
Обрнете внимание на тоа, отворите за вентилација секогаш да
бидат слободни
Избегнувајте користење на уредот во мокра треба.
Немојте да се движите наназад, кога го користите производот.
Немојте да го користите производот кога постои опасност од
удар од гром.
Немојте да го изложувате производот на дожд и на влажни
временски услови. Продирањето на вода во уредот ја зголемува
опасноста од струен удар.
Држете гледачи, деца и домашни миленичиња најмалку на
оддалеченост од 15 метри од работната површина. Стопирајте
2
го производот, кога некој ќе се приближи до работната
2
површина.
Држете го додатокот за сечење под висината на колковите.
Држете ги рацете и нозете секогаш подалеку од дометот на
механизмите за сечење, особено при вклучување на моторот.
Бидете внимателни, елементите за сечење се вртат и понатаму,
откако моторот ќе биде исклучен.
Внимавајте на објекти, кои што може да бидат исфрлени од
механизмот за сечење. Отстранете ја целата нечистотија, како
на пример камења, чакал и други страни тела од работната
површина, пред да почнете со работа. Жиците или врвките
може да се заплеткаат во механизмот за сечење.
Малиот нож на заштитната поклопка служи за скратување на
конецот за сечење до вистинската должина, со цел сигурен
и оптимален капацитет. Ножот е многу остар, немојте да го
допирате, особено при чистење на алатката.
Осигурајте се дали додатокот за сечење е уредно монтиран и
прицврстен.
Осигурајте се дали заштитните механзми, дефлекторите и
рачките се уредно и сигурно прицврстени.
Немојте да вршите промени во подесувањето на машината, со
кои што ќе се зголеми опасноста да бидете повредени вие или
други лица.
Користете калем со конец за сечење само од оригиналниот
производител. Немојте да користите друг додаток за сечење.
Не употребувајте метални сечење средства.
Во случај на незгода или на застој во работењето веднаш
исклучете го уредот и извадете ја батеријата. Производот не
смее повторно да биде пуштен во погон се додека не биде
прегледан од овластен сервис.
Пред секоја употреба осигурајте се дали секачот е правилно
поставен и прицврстен.
Пред секоја употреба и по секој удар проверете дали се
оштетени некои делови. Дефектен прекинувач или друг дел, кој
што е оштетен или истрошен, треба уредно да биде поправен
или заменет од страна на овластен сервис.
Никогаш немојте да го употребувате производот пред да
бидат уредно и сигурно прицврстени заштитните механизми,
дефлекторите и рачките.
Внимавајте на Вашата работна околина. Отстранете жици,
стапови, камење и крупно ѓубре од површината на сечење,
бидејќи во спртивно истите може да бидат исфрлени од уредот.
Одржување и чување
Да се извади батеријата пред сервисирање и чистење на уредот.
Користете прибор и резервни делови кои се препорачани од
производителот (видете стр. 20).
Редовно сервисирајте го и грижете се за уредот. Уредот да се
поправа само од страна на овластен сервисер.
Доколку не го користите, чувајте го уредот надвор од дофат на
деца.
Никогаш немојте да користите резервен конец од метал.
Сопрете ја машината и оставете ја да се олади, пред да ја
складирате или да ја транспортирате.
Отстранете страни тела од производот. Складирајте го уредот
на суво место со добра вентилација, кое што не овозможува
пристап на деца. Да се чува подалеку од кородирачки материи,
како што се градинарски хемикалии и соли за одмрзнување. Да
не се сладира на отворено.
Пред складирањето на уредот обавезно да ја отстраните
батеријата.
Осигурајте го производот при транспорт од движење или пад, за
да се спречи повреда на лица или оштетување на производот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај
на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици
и цврсти чевли.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Производот е наменет само за употреба на отворено и од стана
на лице во стоечка положба.
Производот е наменет за косење трева, троскот и слична
вегетација на ниво на тлото.
При косењето држете го алатот по можност паралелно со
површината на почвата.
Немојте да го употребувате производот за поткастрување и
косење на жива ограда, грмушки или остраната вегетација, кај
кои рамнината на сечење не е паралелна со тлото.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
МАКЕДОНСКИ
123

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

491602 01