■ Ако телескопската осовина во
текот на работењето се однесува
поинаку или невообичаено, можно
е телескопската осовина да не е
безбедна за употреба. Може да
дојде до тешки повреди и можна е
материјална штета.
► Прекинете ја работата и
побарајте помош од
специјализиран продавач на
STIHL.
■ Кога ќе се отпушти рачката на
пиштолот за прскање, пумпата за
висок притисок автоматски се
исклучува и од млазницата веќе не
струи вода. Чистачот со висок
притисок е во режим на
подготвеност и останува понатаму
вклучен. Кога ќе се притисне
рачката на пиштолот за прскање,
пумпата за висок притисок
автоматски се вклучува и од
млазницата струи вода. Може да
дојде до тешки повреди и можна е
материјална штета.
► Кога не работите: Забравете ја
рачката на пиштолот за
прскање.
■ Ако телескопската осовина стои на
наведната, нерамна или
неприцврстена површина, може да
се придвижи и да падне. Може да
дојде до материјална штета.
► Поставете ја телескопската
осовина на хоризонтална, рамна
и тврда површина.
► Обезбедете ја телескопската
осовина така што нема да може
да се преврти или придвижи.
■ Погрешно поставеното црево за
висок притисок може да биде
оштетено. Поради оштетувањето
постои можност во околината
неконтролирано да се ослободи
0457-367-0065-A. VA0.E23.
вода со висок притисок. Може да
дојде до тешки повреди и можна е
материјална штета.
► Цревото за висок притисок
наместете го така што нема да
биде затегнато или преплеткано.
► Цревото за висок притисок
наместете го така што нема да
биде оштетено, превиткано,
приклештено и да не се трие.
■ Силниот воден млаз предизвикува
реакциони сили. Поради
реакционите сили што се јавуваат,
корисникот може да ја изгуби
контролата над телескопската
осовина. Корисникот може да биде
тешко повреден и можна е
материјална штета.
► Држете ја телескопската осовина
цврсто со двете раце.
► Работете како што е опишано во
ова упатство за употреба.
■ При чистењето, може да паднат
предмети. Корисникот може да
биде тешко повреден.
► Внимавајте аголот да биде
максимум 60° во однос на
хоризонталата.
ОПАСНОСТ
■ Ако се работи во близина на
водови под напон, распрскувачот
на млаз може да дојде во допир со
водовите под напон и да ги оштети.
Корисникот може да биде тешко
повреден или усмртен.
► Внимавајте да има
растојание од 15 m до
водовите под напон.
185