случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку
течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или
u
одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток
спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се
прегрее.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки,
u
клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој
u
начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од
u
производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии,
се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно
изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Пред каква било интервенција на мерниот уред (на пр. монтажа, одржување
u
итн.) како и при негов транспорт и одржување извадете го акумулаторот
одн. батериите од мерниот уред. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во
близина на импланти или други медицински уреди, на пр.
пејсмејкери или инсулинска пумпа. Преку магнетите на мерниот
уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши
функцијата на имплантите или медицинските уреди.
Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи
u
на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите
од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците.
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на
u
локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки
и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со
зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Bosch Power Tools
Македонски | 481
1 609 92A 8JB | (08.12.2023)