Descargar Imprimir esta página

Bosch GLL 18V-120-33 CG Professional Manual Original página 492

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 73
492 | Македонски
Работење со функција за навалување
Поставете го мерниот уред на навалена подлога. При работењето со функција за
навалување трепкаат ласерските линии прво 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s
неколку пати со брзо темпо.
Во функцијата за навалување ласерските линии повеќе не се нивелираат и не мора
да се вертикално една кон друга.
Далечинско управување преку „Bosch Levelling Remote App"
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со помош на безжична
технологија дозволува далечинско управување со помош на паметен телефон со
Bluetooth®-интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата (App) „Bosch Levelling
Remote App". Неа можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од
крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth®-врска ќе најдете на
интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.
При далечинско управување со помош на Bluetooth® може да настанат временски
одложувања помеѓу мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за прием.
Воспоставете/прекинете врска со мобилниот краен уред
По вклучувањето на мерниот уред, функцијата Bluetooth® секогаш е исклучена.
Вклучете ја функцијата Bluetooth® за далечинско управување:
– Притиснете го кратко копчето Bluetooth® (2). Копчето полека трепка за потврда.
– Ако мерниот уред веќе бил поврзан со мобилен краен уред и овој мобилен краен
уред е во домет (со активиран интерфејс Bluetooth®), тогаш врската со овој
мобилен краен уред автоматски се воспоставува повторно. Поврзувањето
успешно се воспоставува, кога копчето Bluetooth® (2) свети непрекинато.
Врската преку Bluetooth® може да се прекине поради големото растојание или
пречки помеѓу мерниот и мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори
на пречки. Во овој случај трепка копчето Bluetooth® (2).
Повторно воспоставување врска (првично поврзување или поврзување со друг
мобилен краен уред):
– Проверете дали интерфејсот Bluetooth® е активиран на мобилниот краен уред и
дали Bluetooth® е вклучен на мерниот уред.
– Старувајте го Bosch Levelling Remote App. Доколку се пронајдени повеќе
активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред.
– Притиснете го копчето Bluetooth® (2) на мерниот уред и држете го додека
копчето не трепка брзо.
1 609 92A 8JB | (08.12.2023)
Bosch Power Tools

Publicidad

loading