Descargar Imprimir esta página

Bosch GLL 18V-120-33 CG Professional Manual Original página 496

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 73
496 | Македонски
Повторете го мерниот процес за второто вертикално ласерската линија. За таа цел,
вклучете ја вертикалната ласерска линија на страната на мерниот уред и завртете го
мерниот уред за 90° пред да започнете со мерниот процес.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата  × 0,3 mm/m
Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m максималното отстапување смее
да изнесува
2 × 2 m × ±0,3 mm/m = ±1,2 mm. Точките Ⅲ и Ⅳ смеат да лежат најмногу 1,2 mm
една од друга.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската
u
линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со целна табла за ласерот (додатоци)
Целната табла за ласерот (25) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при
неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (25) ја подобрува
видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина.
Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (12) на навојот на стативот
(29) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив,
користете 5/8"-прифат за статив (13). Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
Работење со магнетниот ротационен држач (види слики A−F)
Можности за позиционирање на магнетниот ротационен држач (9):
– во исправена положба на рамна површина (види слика A),
– со вообичаена завртка за прицврстување на отворот за прицврстување (8) на
вертикална површина (види слика B),
– со магнетите (14) на магнетизирани материјали (види слика C),
– поврзан со стега за покрив (23) на метални тавански лајсни (види слики D−E),
– монтирано на статив (види слика F).
1 609 92A 8JB | (08.12.2023)
Bosch Power Tools

Publicidad

loading