Descargar Imprimir esta página

Bosch GLL 18V-120-33 CG Professional Manual Original página 490

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 73
490 | Македонски
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни
u
влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 493).
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се
u
блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) во позиција „ON". Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта
ласерски линии од излезните отвори (4).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
u
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Доколку температурата на мерниот уред со приближува до највисоката дозволена
оперативна температура, светлоста на ласерските линии полека се намалува.
Ако се надмине максималната дозволена работна температура, ласерските линии
трепкаат брзо едноподруго, по што мерниот уред се исклучува. Откако ќе се олади,
мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Мерниот уред е заштитен од екстремно електростатско празнење (ESD). Ако
мерниот уред се наполни електростатски (на пр. со допирање во средина со ниско
ниво на влажност), тој автоматски се исклучува. Во овој случај, исклучете го и
повторно вклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Доколку околу 120 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се
исклучува автоматски заради заштита на акумулаторските батерии одн. батериите.
За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското исклучување, можете или
најпрво да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во
позиција „OFF" и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или да притиснете на
копчето за режим на работа на ласерот (3).
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете го притиснато копчето
за режим на работа (3) (при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку
автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за
потврда.
1 609 92A 8JB | (08.12.2023)
Bosch Power Tools

Publicidad

loading