Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FOPH-RBA Manual Original página 63

Ocultar thumbs Ver también para M18 FOPH-RBA:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Напон на батерија
Брзина без оптоварување
ниско
високо
Дијаметар на валјакот
Ширина за метење
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 2,0 Ah...12,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се
одредени согласно стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски
вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани
согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
Технички податоци и одобрувања на апликациските апарати за употреба на различни погонски единици можете да
најдете во упатствата за работа на употребениот апликациски апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со
стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен
алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се
користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се
разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот
или кога е вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот
работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата
како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Внимателно прочитајте
го упатството за употреба и запознајте се со
елементите за употреба и со начинот за соодветна
употреба на алатката. Сочувајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции за во иднина.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА МОТОРЕН ВАЛЈАК ЗА
МЕТЕЊЕ И МОТОРНА ЧЕТКА ЗА МЕТЕЊЕ
Инструкции за употреба
Внимателно прочитајте го упатството за употреба и
запознајте се со елементите за употреба и со начинот за
соодветна употреба на алатката.
Немојте да дозволите, деца, лица со ограничена телесна,
сензорска или душевна способност или недостаток на
искуство и знаења или лице, кои што не се запознаени
со упатството за употреба, да ја користат оваа машина.
Локалните прописи може да ја ограничат возраста на
операторот.
Децата треба да бидат под надзор, како сигурност дека
нема да играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот не смее да вршат
деца без соодветен надзор.
Обрнете внимание на тоа, дека Вие како управувач со
алатката сте одговорен за незгоди или опасности, кои
124
M18 FOPH-RBA
M18 FOPH-BBA
Моторен валјак за метење Моторна четка за метење
4914 80 01 XXXXXX MJJJJ 4914 89 01 XXXXXX MJJJJ
18 V
0-150 min
-1
0-200 min
-1
267 mm
584 mm
10,53 ... 11,59 kg
9,53 ... 10,59 kg
-18...+50 °C
M18B...; M18HB...
M12-18...; M1418C6
66,17 db(A) / 3 dB(A)
65,97 dB (A) / 3 dB(A)
86,17 dB(A) / 3 dB(A)
85,97 dB (A) / 3 dB(A)
10,66 m/s
2
/ 1,5 m/s
2
1,40 m/s
што при нeјзина употреба ќе настанат кај други лица и кај
нивна сопственост.
Подготовка
Проверете пред неговата употреба дали уредот има
оштетени, отсутни или погрешно поставени поклопки или
заштитни механизми.
Никогаш не го употребувајте градинарскиот апарат кога
во непосредна близина се наоѓаат деца или домашни
миленичиња.
При употреба на апаратот користете целосна заштита на
очите. При работа на места, каде што постои опасност од
пад на предмети, мора да се носи заштита на главата.
Користењето на штитник за уши може да ја ограничи
способноста на лицето што го носи да слушне сигнали за
предупредување. Особено треба да обрете внимание на
можни опасности во близина и на работното подрачје.
Носете долги, дебели пантолони, чизми и ракавици.
Немојте да носите широка облека, куси пантолони или
накит. Немојте да одите боси.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над
должината на рамениците, за да спречите косата да се
закачи на подвижните делови од машината.
МАКЕДОНСКИ
РАБОТА СО УРЕДОТ
Чувајте го електричниот и продолжниот кабел подалеку
од механизмите за сечење.
За време на употребата на алатката носете штитник за
18 V
очи и цврсти чевли.
Алатката да не се користи при лошо време – особено не
0-150 min
-1
тогаш, кога постои опасност од удар на гром.
0-200 min
-1
Употребувајте го градинарскиот апарат исклучиво на
254 mm
дневна светлина или на квалитетно вештачко светло.
584 mm
Уредот никогаш да не се пушта во погон доколку има
оштетени или отсутни покривки или заштитни механизми.
Вклучете го моторот дури рацете или нозете ќе Ви бидат
надвор од дофат на механизмот за сечење
Батеријата да се отстрани секогаш
- кога уредот не е под контрола
- пред да отклоните дефект
- да преземете активности за контрола и чистење на
машината
- кога при сечење сте допреле страно тело
- кога уредот ќе почне да вибрира премногу силно
Обрнете внимание на тоа, отворите за вентилација
секогаш да бидат слободни
Избегнувајте користење на уредот во мокра треба.
2
/ 1,5 m/s
2
Немојте да се движите наназад, кога го користите
производот.
Немојте да го користите производот кога постои опасност
од удар од гром.
Немојте да го изложувате производот на дожд и на
влажни временски услови. Продирањето на вода во
уредот ја зголемува опасноста од струен удар.
Држете гледачи, деца и домашни миленичиња најмалку
на оддалеченост од 5 метри од работната површина.
Стопирајте го производот, кога некој ќе се приближи до
работната површина.
Држете ги дланките и стапалата подалеку од ротирачките
валјаци во секое време, особено кога работи моторот.
Внимавајте на предметите отфрлени од ротирачките
валјаци. Жиците и конците може да се заплеткаат околу
валјаците.
Проверете дали додатокот за метање е правилно
монтиран и безбедно прицврстен.
Осигурајте се дали заштитните механзми, дефлекторите
и рачките се уредно и сигурно прицврстени.
Немојте да вршите промени во подесувањето на
машината, со кои што ќе се зголеми опасноста да бидете
повредени вие или други лица.
Користете само гумени валјаци и четки од оригиналниот
производител и не користете никакви други додатоци.
Во случај на незгода или на застој во работењето веднаш
исклучете го уредот и извадете ја батеријата. Производот
не смее повторно да биде пуштен во погон се додека не
биде прегледан од овластен сервис.
Пред секоја употреба и по секој удар проверете дали
се оштетени некои делови. Дефектен прекинувач или
друг дел, кој што е оштетен или истрошен, треба уредно
да биде поправен или заменет од страна на овластен
сервис.
Никогаш немојте да го употребувате производот пред
да бидат уредно и сигурно прицврстени заштитните
механизми, дефлекторите и рачките.
Може да се појави електростатско празнење при метење
на пластични подови. Во овој случај, постои ризик од
несреќа и струен удар.
Внимавајте на лизгави, влажни, снежни, навалени или
нерамни површини. Постои опасност од лизгање!
Внимавајте на пречките: Трупците и корените
претставуваат опасност од сопнување!
Површините што се многу суви навлажнете ги со вода
пред да ги метите. Во спротивно, може да се појават
експлозии на прашина.
Проверете го теренот пред метење: Цврстите предмети
како камења, метални делови или слично можат да бидат
отфрлени. Постои ризик од повреда!
Бидете особено внимателни кога работите на нечист
терен.
Кога метите лисја, внимавајте на животинки кои можеби
се кријат во нив.
Користете го ременот за рамо за време на работата.
Водете го уредот со цврсто држење на десната страна.
Држете ја предната рачка со левата рака, а задната со
десната рака, без разлика дали сте деснак или левак.
Фатете ги рачките со целата рака и со палецот.
Не ракувајте со уредот со една рака. Губењето контрола
врз уредот може да резултира со сериозни повреди.
Пршината која се создава при користење на овој алат
може да биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте.
Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што
можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Одржување и чување
Да се извади батеријата пред сервисирање и чистење на
уредот.
Користете само прибор и резервни делови препорачани
од производителот.
Редовно сервисирајте го и грижете се за уредот. Уредот
да се поправа само од страна на овластен сервисер.
Доколку не го користите, чувајте го уредот надвор од
дофат на деца.
Сопрете ја машината и оставете ја да се олади, пред да ја
складирате или да ја транспортирате.
Отстранете страни тела од производот. Складирајте го
уредот на суво место со добра вентилација, кое што не
овозможува пристап на деца. Да се чува подалеку од
кородирачки материи, како што се градинарски хемикалии
и соли за одмрзнување. Да не се сладира на отворено.
Пред складирањето на уредот обавезно да ја отстраните
батеријата.
Осигурајте го производот при транспорт од движење или
пад, за да се спречи повреда на лица или оштетување на
производот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии
од M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот
и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
МАКЕДОНСКИ
125

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M18 foph-bba