израмните на вредност под ± 20, и потоа да продолжите
со чекорите 2 до 4.
Притиснете на копчето SFT, за да се вратите назад во
режимот на мерење агли.
Ресетирајте ја индексната грешка на инструментот.
Поставување на мерниот уред
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата. Напр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При големи
осцилации во температурата, оставете го мерниот уред
најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред,
пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста (види „Проверка на точност на
мерниот уред", страна 174).
Монтирање и подесување на мерниот алат
За обезбедување на оптимална употреба, мерниот алат
треба да го прицврстете на статив и внимателно да се
подесува.
– Поставете го стативот стабилно над мерната точка.
– Монтирајте го мерниот алат на стативот.
– Свртете ги завртките за израмнување 1 (A, B, C) така, за
да меурот на кружната либела 21 биде центрирана. (види
слики E1–E2)
– За фино подесување свртете го мерниот алат, се додека
основната плоча 10 не паѓа на една од прикажаните
позиции. (види слика E3)
Свртете ги завртките за израмнување 1 (A, B, C) така, за
да меурот на кружната либела 12 биде центриран (види
слика E4).
– Усогласувајте го мерниот алат со оптичкиот сноп 9 .
Фокусирајте го крстот со окуларот на оптичкиот сноп 27 .
Фокусирајте една мерна точка на подот со прстенот за
фокусирање на оптичкиот сноп 28 .
Лесно отворете ја завртката за прицврстување X на
стативот и поместете го мерниот алат, се додека мерната
точка на подот не се центрира во оптичкиот сноп.
Повторно прицврстете ја завртката за прицврстување.
(види слики E5-E7)
– Повторете ги чекорите 3 и 4.
Фокусирајте го окуларот
– Целете со окуларот 17 на една светла површина и
поставете го така, да крстот се појавува јасно.
За да се одбегне паралелна оска при подесување,
почитувајте ги следните упатства:
– При подесување поставете го телескопот на еден целен
објект.
– Крстот и одбележувањето на целта не смее да се
поместуваат, иако Вие ќе ги движите Вашите очи.
Напомена: Одбегнете паралелна оска, бидејќи нема да
бидат можни точни мерења.
Во даден случај повторете го подесувањето, ако се појавува
паралелна оска.
1 609 92A 0LD • 23.10.14
Подесување на целта
хоризонтално
– Грубо подесување
одвртете ја завртката за затегнување 5 и целете со
фиксниот окулар 7 на целта.
Држете растојание помеѓу вашите очи и фиксниот
окулар.
Фиксирајте ја завртката за затегнување 5 повторно.
– Фино подесување
Погледнете ја целта преку окуларот 17 и фокусирајте го
со завртката за подесување 4.
вертикално
Подесувањето на целта во вертикален правец спроведете го
аналогно со завртката за затегнување 18 и завртката за
подесување 19 .
Вршете мерења
Мерење на хоризонталниот агол (види слика F)
– Вклучете го дисплејот.
„Вклучување на дисплејот" види страна 170.
– Поставете го мерниот алат над мерната точка A .
„Монтирање и подесување на мерниот алат" види страна
173.
– Притиснете два пати на копчето OSET, за да го поставите
приказот за хоризонталниот круг на нула.
– Поставете го телескопот на целната точка B.
Аголот помеѓу точките A и B ќе се прикажува на дисплеј:
„HR" Правецот на броење во правец на стрелките на
часовникот
„HL" Правецот на броење против правецот на стрелките
на часовникот.
Стандардно подесување на хоризонталниот агол
– Свртете го мерниот алат, се додека не се покажува
посакуваниот агол на дисплеј „HR" или „HL" на пр. HR
60°00'00''.
– Притиснете два пати на копчето HOLD.
Приказот на дисплејот трепка.
– Сега центрирајте го мерниот алат на целната точка и
повторно притиснете го копчето HOLD.
Приказот на дисплејот повторно ќе се прикаже постојано.
Подесуваниот хоризонтален агол (на пр. HR 60°00'00'')
со тоа одговара на излезната точка за следното мерење.
Мерење на вертикалниот агол (види слика G)
– Изберете го посакуваното подесување на вертикалниот
аголен круг. („Подесување на функција" види
страна 172)
– Поставете го телескопот на една целна точка.
Вертикалниот агол ќе се прикаже на екранот покрај VA.
Утврдување на вклучениот агол на косина:
– Доколку сакате да го утврдите вклучениот агол, поставете
го телескопот на првата целна точка и запишете ја
прикажаната вредност за вертикалниот агол.
– Потоа поставете го телескопот на втора целна точка и
одземете ја прикажаната вредност на вертикалниот агол
од вредноста на првата целна точка.
Преку притискање на копчето V/% можете да ги смените
помеѓу приказите за косината во % или Gon.
Македонски | 173