Проверување и подесување на оптичкиот сноп
Со ова подесување ќе се усогласат видната линија на
оптичкиот сноп со вертиклната оска.
Проверете:
– Целете со оптичкиот сноп 9 на една мерна точка на подот.
За тоа или прилагодете ги завртките за израмнување 1
или одвртете ги завртките за прицврстување X на
стативот на мерниот алат, се додека оптичкиот сноп не
биде над мерната точка.
– Свртете го мерниот алат сега за 180°.
При точно подесување оптичкиот сноп мора да биде над
мерната точка.
Поставување:
Со ова подесување ќе се усогласат видната линија на
оптичкиот сноп со вертикалната оска на мерниот алат.
– Свртете ја покривката 29 против правецот на стрелките
на часовникот и отстранете ја. (види слика L1)
– Одвртете една од 4 завртки за подесување (O 1–4) со
трнот за подесување 30 за едно четврт вртење и
затегнете една друга завртка за подесување за едно
четврт вртење.
– Повторете го подесувањето толку често, се додека
мерната точка не се наоѓа на пола пат (1/2 t) меѓу
почетната точка и крстот.
Примерот покажува, како се менува подесувањето, кога
завртката O3 ја одвртувате и кога завртката O4 ја
затегнувате. (види слика L2)
– Повторете го проверувањето и подесувањето, се додека
нема отстапување помеѓу мерната точка и крстот, иако
мерниот алат го свртите во неговата вертикална оска.
Поставување на вертикална нулта позиција
Со оваа опција, во која аголот се набљудува во двете
положби, може да ја измерите грешката на нулта-позицијата
на компензаторот за косина и да поставите. Освен тоа, може
да ја измерите колимационата грешка на Вашиот
инструмент, така што следното набљудување на положбата
на инструментот ќе може да се коригира. Нулта-индексот на
вертикалниот круг на Вашиот инструмент може да се
ресетира, а индексната грешка, којашто влијае на точноста
при мерењето на вертикални агли, може да се коригира.
Работни чекори
– Вклучете, притиснете на копчето
R/L, и ќе се прикаже знакот за
исчекување „SET F1". Потоа во
првиот ред се појавува „SET F1" и
трепка.
– Изнивелирајте го инструментот и
колимирајте ја референтната цел
во нормална положба на
телескопот (првата положба),
притиснете на копчето OSET,
првиот ред ќе затрепка и
покажува „SET F2".
1 609 92A 0LD • 23.10.14
Прикази на екранот
Работни чекори
– Свртете го телескопот во обратна
положба (втората положба),
колимирајте ја истата цел и
притиснете на копчето OSET.
Првиот ред трепка и покажува
„SET".
– Притиснете го копчето OSET, за
да затворите и да се вратите во
аголниот режим.
Постапката може да ја завршите било кога, со притискање
на копчето SFT .
Напомена: По завршување на погоре опишаното
поставување, инструментот треба уште еднаш да се
провери. Колимирајте ја истата цел во првата и втората
положба, а сумата на вертикалниот агол треба да стои во
границите од 360° ± 15". Доколку не лежи во овие граници,
треба да се повтори подесувањето или да ги следите
инструкциите во „Колимација на инструментот".
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
При чистење внимавајте да не ја гребете леќата. Употребете
само мека четка или мека крпа.
Транспорт
При складирање или транспорт секогаш исклучете го
дисплејот.
Заради заштита на мерниот алат при транспорт употребете
го оригиналниот куфер.
По можност мерниот алат не го транспортирајте, ако е
прицврстен на стативот.
Доколку мора, држете го мерниот алат вертикално колку
што е можно, носете го пред Вас и никогаш не го ставајте
хоризонтално на рамења.
Сервисна служба и совети при користење
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Прикази на екранот
Македонски | 175