Descargar Imprimir esta página

CST/BERGER Theodolite DGT 10 Manual Original página 174

Ocultar thumbs Ver también para Theodolite DGT 10:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
Мерење на растојанијата (види слики H1–H3)
Растојанијата можете да ги мерите со помош на линии на
растојанието симетрично кон крстот на окуларот.
– Поставете го мерниот алат над мерната точка A .
– Читајте ја должината l со помош на крстот и летвата за
нивелирање на целната точка B.
– Пресметете ја разликата L со следната формула:
L = 100 x l
Проверка на точност на мерниот уред (види
слики I1–I2)
Потребна е колимација, за да се израмни видната линија на
телескопот вертикално кон хоризонталната оска на
инструментот.
Проверете:
– Поставете го инструментот со непречен поглед за 50 до
60 метри од двете страни на инструментот.
– Визирајте ја точката A на околу 50 метри растојание.
– Олабавете ја само вертикалната тангентна завртка и
оставете го телескопот да се сврти за 180° околу
хоризонталната оска, така што ќе покажува во спротивен
правец.
– Олабавете ја хоризонталната подвижна стега и
тангентната завртка, и свртете го инструментот за
180°или 200 гони. Одново утврдете нова видна точка A, и
затегнете ги стегата и завртката.
– Олабавете ја вертикалната подвижна стега и тангентната
завртка, свртете го инструментот за 180° или 200 гона, и
утврдете една видна точка C, којашто треба да се совпаѓа
со претходната точка B.
– Доколку точките B и C не се совпаѓаат, подесете ги како
што е опишано подолу.
Поставување:
– Одвртете го поклопецот на поставката за мрежниот
фокус.
– Побарајте ја точката D помеѓу точките C и B. Таа треба да
покажува 1/4 од растојанието помеѓу точките B и C,
измерено од точка C. Ова е поради фактот што
претходната грешка од BC е четири пати поголема од
фактичката грешка, бидејќи телескопот бил свртен два
пати за време на проверката.
– Поместете ја вертикалната линија на мрежниот фокус,
така што ќе се совпаѓа со точка D, при што ќе ги свртите
левата и десната завртка за подесување со крстест жлеб.
Откако ќе завршите со подесувањето, одново проверете.
Доколку се совпаѓаат точките B и C, не е потребно
понатамошно подесување. Во друг случај уште еднаш
подесете.
Напомена: За да ја придвижите вертикалната линија на
мрежниот фокус, олабавете ја завртката за подесување со
крстест жлеб на едната страна, затегнете ја истата на другата
страна околу извадената вредност. Олабавувањето на
завртките се врши во правец спротивен на стрелките на
часовникот, а затегнувањето во правец на стрелките на
часовникот. Вртете ги завртките што е можно помалку.
По завршување на погоре опишаното подесување потребно
е да се изврши следново: Поставување на вертикална нулта
позиција, страна 175.
174 | Македонски
Проверување и подесување на мерниот алат
Редослед за проверување
Напомена: За правилно подесување на мерниот алат, мора
секогаш да се придржете на следниот редослед:
 Проверување и подесување на кружната либела
(види страна 174)
 Проверување и подесување на кружната либела
(види страна 174)
 Проверување и подесување на оптичкиот сноп
(види страна 175)
– За сите проверувања поставете го мерниот алат на рамна
површина. („Подесување на функција" види страна 172)
– Проверете ги сите подесувања и во даден случај
коригирајте ги.
– Мерниот алат секогаш за да се осигурате проверете го по
втор пат.
Проверување и подесување на кружната либела
Проверете:
– Позиционирајте ја кружната либела паралелно со
завртките за израмнување A и B. (види слика J1)
– Центрирајте го меурот на либелата со помош на завртките
за израмнување A и B.
– Свртете го мерниот алат за 90° и центрирајте го меурот на
либелата со завртката за израмнување C. (види слика J2)
– Свртете го мерниот алат на почетната позиција.
– Доколку е потребно повтроно центрирајте го меурот на
либелата.
– Свртете го мерниот алат сега за 180°.
При точно подесување меурот на либелата мора да биде
центрирано во цевчестата либела .
Поставување:
– Свртете ја завртката S со доставениот трн за подесување
30 се додека меурот на либелата не се наоѓа на пола пат
(1/2 t) меѓу почетната точка и центарот. (види слика J3)
– Свртете го мерниот алат за 180° на почетната позиција и
повторете го проверувањето.
Проверување и подесување на кружната либела
Проверете:
При точно подесување по проверување, односно
подесување на цевчестата либела, кружната либела мора да
биде центрирано .
Поставување: (види слики K1–K2)
Напомена: Внимавајте завртките за подесување (S1-3) да
не се свртени прекумерно.
– Одвртете ја едната од завртките за подесување со трнот
за подесување 30 за едно четврт вртење и затегнете една
друга завртка за подесување за едно четврт вртење.
– Повторете го подесувањето се до центрирањето на
меурот на либелата.
Примерот на илустрацијата покажува, како се движи
либелата, кога завртката S2 ја одвртувате и кога завртката
S1 ја затегнувате.
1 609 92A 0LD • 23.10.14

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Theodolite dgt 2F 034 k54 3n0F 034 k54 3n1