Не користете го апаратот пред да го монтирате во
•
вградената структура.
Пред одржување, исклучете го апаратот од
•
напојувањето.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој треба да
•
биде заменет од страна на производителот, негов
овластен сервисен центар или слично квалификувани
лица за да се избегне електрична опасност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Осигурајте се дека апаратот е
•
исклучен пред да ја замените светилката за да
избегнете струен шок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни
•
делови стануваат жешки при употреба. Треба да се
внимава да не се допираат грејачите.
Секогаш ставајте заштитни ракавици за вадење или
•
ставање додатоци или садови за во рерна.
Користете го само сензорот за храна (сензорот за
•
температура на средината) препорачан за овој апарат.
Да ги отстраните полиците, прво повлечете го предниот
•
дел од полицата, а потоа задниот од страничните
ѕидови. Ставете ги полиците по обратен редослед.
Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
•
Не користете силно абразивни средства или остри
•
метални стругалки за да го чистите стаклото на
капаците со шарки на површината за готвење бидејќи
тоа може да предизвика прскање на стаклото.
Извадете го сиот дополнителен прибор од рерната и
•
непотребните работи/истурените течности пред чистење
со пиролиза.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го монтира само квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
337/716