Descargar Imprimir esta página

Wilo EMU TR 50-2 Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 742

Ocultar thumbs Ver también para EMU TR 50-2 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1144
mk
8
Отстранување од употреба
8.1
Лична квалификација
8.2
Обврската на раководителот
8.3
Отстранување од употреба
742
Отстранување од употреба
падне под 3 °C, се поставува автоматско мерење на температурата со функција за
предупредување и исклучување.
Надгледување на минималното покривање со вода
За време на работата, пропелерот не смее да се вади од медиумот. Придржувајте
се до податоците за минималното покривање со вода! При поголеми варирања на
нивото на водата, вградете надгледување на нивото. Кога минималното
покривање со вода е недоволно, погонот за мешање се исклучува.
▪ Ракување/управување: Работниот персонал мора да биде упатен околу
функционирањето на целата постројка.
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Монтажа/демонтажа: Стручното лице мора да е обучено во поглед на работата со
потребните алати и материјали за прицврстување за дадената површина.
▪ Подигнување: Стручниот персонал треба да е обучен за работа со опрема за
подигнување. Треба да се внимава на регулативата BGV D8 или на локалните
регулативи.
▪ Внимавајте на локалните прописи на сила за спречување несреќни случаи и за
безбедност на трговските асоцијации.
▪ Внимавајте на прописите за работа со тешки и висечки товари.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање којашто
треба да ја носи персоналот.
▪ Погрижете се да има доволно проветрување во затворени простории.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување!
Кога погонот за мешање се отстранува од употреба, тој и понатаму останува
вграден. На тој начин погонот за мешање е подготвен за работа во секое време.
За да го заштитите погонот за мешање од замрзнување, секогаш потопувајте
го целосно во транспортираниот медиум.
Температурата на медиумот мора секогаш да е над +3 °C (+37 °F).
1. Исклучете го погонот за мешање.
2. Осигурете го од ненамерно вклучување (пр. блокирајте го главниот
прекинувач).
▶ Погонот за мешање е сега надвор од употреба и може да се демонтира.
Ако погонот за мешање остане монтиран и откако е отстранет од употреба, треба
да се внимава на следниве точки:
▪ Овозможете ги гореспоменатите предуслови за целото време на процедурата на
отстранување од употреба. Ако не се загарантирани предусловите, демонтирајте
го погонот за мешање по отстранувањето од употреба!
▪ Доколку планирате да ГО отстраните од употреба на подолг период, вклучувајте
ГО на редовни интервали (месечно до годишно) во траење од 5 минути за да се
уверите дека е функционален. ВНИМАНИТЕЛНО! Проверката на функцијата се
прави само ако условите во околината го дозволуваат тоа. Не е дозволена
работа на суво! Невниманието може да доведе до тотално расипување!
WILO SE 2019-01

Publicidad

loading