Производителот не сноси одговорност за направена
повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги упатствата на
сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку
тоа го прават под надзор или им биле дадени упатства
како безбедно да го употребуваат апаратот и ги
разбираат опасностите поврзани со него.
• Апаратот не смее да биде во дофат на деца меѓу 3 и 8
годишна возраст и лица со многу обемни и сложени
пречки во развојот освен ако не се под постојан надзор.
• Апаратот не смее да биде во дофат на деца помали од
3 години освен ако не се под постојан надзор.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете ја
соодветно.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги децата и
миленичињата подалеку од апаратот кога тој работи
или кога се лади. Достапните делови може да станат
жешки за време на употребата.
• Ако апаратот има уред за заштита на деца, треба да
вклучи.
• Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите достапни
делови се вжештуваат за време на употребата. Треба
да се внимава да не се допираат грејачите.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвењето на површина за
готвење со маст или масло без надзор може да биде
опасно и да доведе до пожар.
МАКЕДОНСКИ
205