MK
■
Погрижете се да нема никого во опасното
подрачје.
■
Корисникот е одговорен за незгоди со
други лица и нивниот имот.
■
Употребувајте само оригинални резервни
делови и оригинална додатна опрема.
■
Поправките на уредот мора да се
изведуваат од страна на произведувачот
односно од неговите кориснички сервиси.
■
Носете заштита за слух.
■
Тракторската косилка нема одобрение за
улици и не смее да се вози по јавни
патишта и улици.
■
Не косете при невреме. Нема заштита од
удар на гром.
■
Не смеат да се земаат патници на уредот.
■
Не косете на стрмнини поголеми од 10°
(18 %)
■
По земањето алкохол, лекови, коишто
влијаат врз способноста за реакција, или
на дроги не смее да се работи со
тракторската косилка и/или со опрема
прицврстена на неа.
■
Секогаш косете ги косините попречно.
■
Почитувајте ги локалните, општинско
дозволени времиња на работа.
■
Тракторската косилка може да предизвика
тешки повреди од нејзината сопствена
тежина. Бидете особено внимателни при
товарање и растоварање на тракторската
косилка кога ја транспортирате на возило
или на приколка.
■
Тракторската косилка не смее да се
шлепува. За транспорт на јавни
сообраќајни патишта користете соодветно
возило.
■
Не го користете тракторот во лошо
проветрени работни подрачја (на пр.
гаража). Издувните гасови содржан
отровен јаглерод моноксид како и други
штетни материи.
4 РАСПАКУВАЊЕ И МОНТИРАЊЕ НА
ТРАКТОРОТ
Почитувајте го приложеното упатство за
монтажа за распакување и монтажа на
тракторот.
НАПОМЕНА Почитувајте го исто така и
приложеното упатство за работа на
бензинскиот мотор.
470
Распакување и монтирање на тракторот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
нецелосно монтирање! Ракувањето со
нецелосно монтирана тракторска косилка
може да доведе до тешки повреди и
оштетувања.
■
Користете ја тракторска косилка само кога
е целосно монтирана.
■
Направете ги сите монтажни работи
коишто се опишани во упатството за
монтажа. Во случај на сомневање пред
пуштањето во употреба прашајте стручно
лице дали монтажата е правилно
направена!
■
Проверете дали се присутни сите
безбедносни и заштитни уреди и дали се
функционални!
5 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА
5.1
Проверка на алатката за косење
Пред употреба треба секогаш да се провери
со визуелна контрола дали алатката за
косење, завртките за прицврстување и целата
единица за косење се истрошени или
оштетени. За избегнување на
неизбалансираност истрошените или
оштетените ножеви мора да се заменат со
нови.
5.2
Полнење со масло
Пред првото пуштање во работа моторот
мора да се наполни со масло. Затоа земете го
во предвид упатството на производителот на
моторот. Имајте во предвид дека нивото на
масло треба да се контролира во редовни
растојанија и да се надополни масло ако е
потребно.
5.3
Полнење со гориво
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности при
ракувањето со гориво! Горивото е лесно
запаливо. Полнете го резервоарот за гориво
само на отворено! Не пушете! Не полнете
гориво при движечки или топол мотор!
За полнење користете соодветна инка или
црево за полнење за да не се истури гориво
на моторот, куќиштето или на земјата.
Од безбедносни причини капачето на
резервоарот за гориво и другите капачиња на
резервоар треба да се заменат при
оштетување.
Доколку има претечено гориво не смее да се
стартува моторот. Тракторот треба да се
493723_b