Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo Premium 15-95.6 HD-A Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 475

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
Работење со тракторот
6.5.4
Возење и косење на стрмнини
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
грешки при возење на стрмнини! При
возење на стрмнини треба да се обрати
посебно внимание! Нема такво нешто како
„безбедна" стрмнина. Особено почитувајте ги
следните безбедносни напомени! Откачете ја
алатката за косење и дополнителната опрема
ако тркалата превртуваат или ако возилото
откаже кога возите по стрмнина. Потоа
напуштете ја стрмнината во бавно надолно
возење долж паѓачката линија! Полната корпа
за собирање трева ја зголемува опасноста за
превртување на тракторската косилка преку
нејзината тежина!
Да не се вози на стрмнини поголеми од
10° (18 %). Пример: тоа одговара на 18 cm
разлика во висина на должина од 1 метар.
Возете рамномерно.
Не кочете наеднаш.
Одржувајте ниска брзина на возење.
Не возете попреку стрмнината.
Не забрзувајте наеднаш.
Управувајте рамномерно.
6.6
Косење со тракторската косилка
Прилагодете ја брзината на возење според
условите на тревникот со цел да постигнете
чист резултат на косење. Изберете најмногу
2/3 од можната брзина на возење на педалата
кога косите. Максималната брзина на
тракторот е исклучиво наменета за возење
без вклучена алатка за косење.
Во нормален случај висината на косење
изнесува 4 - 5 cm. Тоа одговара на втората
или третата позиција за регулирање на
висината. При влажна и мокра трева косете со
повисока висина на косење.
Кај многу висока трева, пожелно е да се
помине во два премина. Ставете ја алатката
за косење на максимална висина на косење
при првиот премин. При вториот премин
можете потоа да ја намалите на саканата
висина.
6.6.1
Поставување на висината на
косење (06, 08)
Висината на алатката за косење на тракторот
може да се регулира во неколку степени со
помош на рачката за регулирање на висината
(06/1) десно од возачкото седиште.
493723_b
1. Придвижете ја рачката за регулирање на
висината (06/1) во саканата насока:
на надолу (06/a): за ниска висина на
косење.
на нагоре (06/b): за висока висина на
косење.
Опција: Поставување на висината на
косење со функцијата за меморија (08)
1. Повлечете ја рачката за регулирање на
висината (08/1) во транспортната позиција
„7=T" (08/a) и турнете ја нанадвор (08/b) за
да ја вклештите.
2. Ставете ја рачката за предизбор (08/2) на
саканата висина на косење (08/c).
Висината на косењето се прикажува во
прозорецот (08/3) на рачката за предизбор
(од 1 до 6).
3. Повлечете ја рачката за регулирање на
висината навнатре (08/d) и турнете ја
нанапред до граничникот при поставената
висина на косење (08/e).
НАПОМЕНА Транспортната позиција
„7=T" е највисоката висина на косење. Таа не
може претходно да се избере со помош на
рачката за предизбор.
Вклучување на алатката за косење
Електрично вклучување: Во регионот на
таблата со инструменти се наоѓа еден
прекинувач (02/5). Вклучете ја со него
алатката за косење (позиција „1").
6.6.2
Вклучување на алатката за косење
НАПОМЕНА Алатката за косење смее да
се вклучи дури откако моторот е загреан околу
една минута! При вклучувањето на алатката
за косење тракторската косилка не би требало
да стои во висока трева.
1. Стартувајте го моторот.
2. Поместете го регулаторот (02/2) за бројот
на вртежи на моторот во работна
позиција.
3. Ставете ја алатката за косење на
највисоката позиција „7=T" (=Транспортна
позиција), види Поглавје 6.6.1
"Поставување на висината на косење
(06, 08)", страна 475.
4. Вклучете ја алатката за косење со
преклопната склопка (02/5, позиција „1").
5. Поставете ја саканата висина на косење.
6. Ставете ја тракторската косилка во
движење.
475

Publicidad

loading