Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo Premium 15-95.6 HD-A Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 476

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
MK
6.6.3
Косење при возење наназад
НАПОМЕНА Алатката за косење е
исклучена ако е притисната само педалата за
возење наназад.
1. Притиснете го копчето „Косење наназад"
(02/6) и во рок од 5 секунди притиснете ја
педалата за возење наназад (03/1).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
незгоди при косење наназад! Обратете
внимание на подрачјето зад вас кога косите
наназад! Косење наназад само ако е
потребно!
6.6.4
Исклучување на алатката за косење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
вртливи ножеви! Кога ножевите за сечење
сè уште се вртат, тие може да ги исечат
рацете и нозете! Поради тоа, рацете и нозете
држете ги настрана од сечилата!
1. Исклучете ја алатката за косење со
преклопната склопка (02/5, позиција „0").
Алатката за косење може да се исклучи кога
тракторот е во мирување и кога се вози.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда од исфрлени предмети! При
преминување на чакално-песокливи површини
може да се вовлечат предмети во движечката
алатка за косење и потоа да се исфрлат.
Секогаш исклучувајте ја алатката за
косење кога не возите по тревни површини.
6.6.5
Празнење на корпата за собирање
трева (16, 17)
НАПОМЕНА Кога ќе се наполни корпата
за собирање трева се огласува еден звучен
сигнал. Најдоцна сега би требало да се
испразни корпата.
Во зависност од варијантата на опремата
вашата тракторска косилка располага со
електрично контролирано празнење на
корпата за собирање трева или рачно
контролирана корпа за собирање трева со
контролна рачка.
За сите видови на корпи важи:
Празнењето на корпата за собирање
трева може да се врши од седиштето на
возачот.
Ако при вклучена алатка за косење
корпата за собирање трева се подигне
нагоре односно откачи, моторот згнаснува.
476
Ако корпата за собирање трева не е
правилно фиксирана, не може да се
вклучи алатката за косење.
Празнење на електрично придвижуваната
корпа за собирање трева* (16)
*: Опција
1. За празнење, притиснете го преклопниот
прекинувач (16/1) лево од возачкото
седиште.
2. За затворање на корпата за собирање
трева активирајте ја повторно
преклопната склопка.
Празнење на корпата за собирање трева со
контролната рачка (17)
1. Извлечете ја контролната рачка од
корпата за собирање трева (17/а).
2. Притиснете ја рачката во насоката на
возење за да се отвори корпата за
собирање трева (17/b).
3. Придвижете ја корпата за собирање трева
со рачката на назад, сè додека не се
фиксира корпата.
6.6.6
Мулчење
За оптимален резултат на мулчење, тревата
треба да се коси на редовна основа (прибл. 1
или 2 пати неделно). Кога косите, пресечете
1/3 од висината на тревата (на пр. ако
висината на тревата е 6 cm, косете 2 cm). Со
тоа се гарантира дека откосот правилно ќе се
смеша со преостанатата трева.
6.6.7
Интервал на косење
Имајте во предвид дека тревата расте
различно во разни времиња. Во рана пролет
се препорачува да се избере пократок
интервал на косење. Зголемете ги
интервалите на косење како што стапката на
растење на тревата почнува да расте во текот
на годината.
Ако не можете да ја косите тревата подолго
време, треба најпрво да изберете повисока
поставка на висина за косење, потоа повторно
да косите два дена подоцна со пониска
поставка на висина на косење.
6.6.8
Косење на висока трева
Косете со повисока поставка за висина на
косење кога тревата е повисока од нормално
или кога е влажна. Потоа уште еднаш
искосете ја тревата со пониската, нормална
поставка.
Работење со тракторот
493723_b

Publicidad

loading