Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo Premium 15-95.6 HD-A Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 481

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
Одржување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
неправилно полнење на акумулаторот!
Струјата за полнење на полначот не смее да
надминува 5 A а напонот за полнење може да
биде само макс. 14,4 V. При повисок напон на
полнење постои опасност од експлозија на
акумулаторот! Секогаш извадете го
контактниот клуч пред да почнете да работите
на акумулаторот.
Ви препорачуваме да го полните
акумулаторот, што не пропушта гасови и на
кој не му треба одржување, користејќи
специјален соодветен полнач (кој може да се
добие преку специјализирани продавници).
Почитувајте го упатството за употреба на
производителот на полначот пред и за време
на полнење на акумулаторот.
ВНИМАНИЕ! Опасност од краток спој!
За да избегнете краток спој, секогаш најпрво
одвојте го негативниот кабел (-) од
акумулаторот и повторно поврзете го како
последен! Секогаш извадете го контактниот
клуч пред да почнете да работите на
акумулаторот!
1. Извлечете го контактниот клуч (02/4).
2. Отворете го капакот на моторот.
3. Поврзете ги клемите на полначот со
терминалите на акумулаторот.
НАПОМЕНА Обрнете внимание на
поларитетот:
Црвена клема = позитивен терминал (+)
Црна клема = негативен терминал (-)
4. Поврзете го полначот со струјната мрежа
и вклучете го.
8.5
Отстранување на алатката за косење
Алатката за косење мора да се извади со цел
за да се користи тракторот за расчистување
на снег и за промена на клинестиот ремен.
1. Завртете го воланот на целосно лево
заклучување (32).
2. Отстранете ја корпата за собирање трева
(33).
3. Извадете го каналот за исфрлување (18).
4. Одвртете ја цилиндарската завртка (34) на
држачот на каналот со 5 - 6 вртења.
5. Спуштете ја и заклучете ја (35) алатката
за косење на најниската позиција „1", види
Поглавје 6.6.1 "Поставување на
висината на косење (06, 08)", страна 475.
493723_b
6. Откачете го влечниот федер на алатката
за косење (36).
7. Ставете ја алатката за косење повторно
горе (37).
8. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(38).
9. Откачете го клинестиот ремен од шајбната
за клинестиот ремен на моторот (39).
10. Повторно спуштете ја и заклучете ја (40)
алатката за косење на најниската позиција
„1", види Поглавје 6.6.1 "Поставување на
висината на косење (06, 08)", страна 475.
11. Отстранете ги 4-те пинови за заклучување
на фиксаторите од алатката за косење
(41).
12. Извлечете ги фиксаторите преку болцните
(41).
13. Ставете ја и заклучете ја (42) рачката за
регулирање на висината на највисоката
позиција „7=T" (=Транспортна позиција),
види Поглавје 6.6.1 "Поставување на
висината на косење (06, 08)", страна 475.
8.6
Замена на клинестиот ремен
1. Одвртете ги 6-те безбедносни навртки
(24).
2. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(25).
3. Откачете ја и отстранете ја десната
поклопка (26) на алатката за косење.
4. Откачете ја и отстранете ја левата
поклопка (27) на алатката за косење.
5. Лесно одвртете ја завртката на затезниот
валјак сè додека не може да се разниже
клинестиот ремен (28).
6. Извадете го клинестиот ремен.
НАПОМЕНА Водилката и положбата на
клинестиот ремен се разликува во зависност
од типот. Почитувајте ја налепницата со
напомени на алатката за косење.
Ставање на нов клинест ремен
1. Положете го клинестиот ремен околу
лесно одвртениот затезен валјак и
повторно зашрафете го затезниот валјак
(30 / 31).
2. Положете го клинестиот ремен според
редоследот околу валјаците и запазете ја
водилката и положбата на клинестиот
ремен.
481

Publicidad

loading