Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo Premium 15-95.6 HD-A Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 473

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
Работење со тракторот
3. Седнете на седиштето на возачот.
4. Притиснете ја педалата за кочење (04/1) и
активирајте ја кочницата за паркирање
(04/2).
5. Стартувајте го моторот.
НАПОМЕНА Моторот не смее да
стартува!
6 РАБОТЕЊЕ СО ТРАКТОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности
поради недоволно познавање на
тракторската косилка! Целосно прочитајте го
упатството за работа пред да почнете!
Внимавајте особено на сите безбедносни
напомени! Совесно вршете ги сите монтажни
работи и сите работи за пуштање во работа.
Во случај на сомневање прашајте го
производителот!
6.1
Основни подготвителни мерки
При косење секогаш носете тврди чевли и
долги панталони. Никогаш не косете боси
или со отворени сандали.
Проверете го во целост теренот на кој ќе
се користи тракторската косилка.
Отстранете ги сите камења, прачки, жици,
коски и други туѓи тела коишто би можеле
да се зафат и отфрлат. Исто така и за
време на косењето треба да се внимава
на туѓи тела.
Направете ги сите работи коишто се
опишани во пуштањето во работа. Ова
важи особено за проверката на
безбедносните уреди.
За влечење на товари користете ја само
куката за влечење! Не го надминувајте
вертикалното оптоварување.
Не е дозволен транспорт на предмети на
тракторската косилка!
6.2
Користење на додатна опрема
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
погрешна додатна опрема или погрешно
користење на додатна опрема! Користете
секогаш само оригинална опрема на
производителот на тракторот! Почитувајте ги
прописите за користење во приложеното
упатство за работа!
Преку употребата на недозволена додатна
опрема или погрешната употреба на опрема
може да настанат големи опасности за
493723_b
операторот и трети лица. Тракторската
косилка може да се преоптовари. Тоа може да
доведе до тешки несреќи.
6.3
Туркање на тракторската косилка (14,
15)
ВНИМАНИЕ! Опасност при туркањето
по косини! Туркајте ја тракторската косилка
само на хоризонтални површини! На косини
тракторската косилка би можела
неконтролирано да се стркала надолу.
Кај ножен хидростатичен менувач
Премосната рачка (14/1) се наоѓа во задната
десната футрола за тркалото.
Деблокирање на премосницата кај T3-
менувач:
1. Извлечете ја премосната рачка (14/1) и
закачете ја на нагоре (15).
2. Ослободете ја кочницата.
ð Тракторската косилка може сега да се
турка.
Деблокирање на премосницата кај G700-
менувач:
1. Вметнете ја премосната рачка (14/1) и
закачете ја на нагоре (15).
2. Ослободете ја кочницата.
ð Тракторската косилка може сега да се
турка.
6.4
Стартување и исклучување на
моторот
Стартување на моторот
1. Седнете на седиштето на возачот.
2. Притиснете ја целосно педалата за
кочење (04/1) на левата страна и
заклучете ја со лостот за заклучување
(04/2).
3. Проверете да НЕ е вклучена алатката за
косење. За да го направите тоа, проверете
ја позицијата на преклопната склопка
(02/5, позиција „0").
4. Поместете го регулаторот (02/2) за бројот
на вртежи на моторот до горниот
граничник. Во зависност од варијантата на
опремата таму се наоѓа знакот за дизна.
Во спротивно, повлечете го посебното
копче за дизната (02/1).
5. Ставете го контактниот клуч во бравата за
палење (02/4).
6. Завртете го контактниот клуч во позиција
„III" и задржете го така сè додека не
473

Publicidad

loading