1. ОСНОВЕН (BASIC): мешање, подигање и печење обичен леб. Додавањето
различни состојки го менува вкусот.
2. ФРАНЦУСКИ (FRENCH): мешање, подигнување и печење со подолго време на
подигање. Лебот печен од оваа програма, обично има крцкава кора и мека
структура.
3. ЦЕЛО ЗРНО (WHOLE WHEAT): мешање, подигнување и печење леб од
пченично брашно со цели зрна. Оваа поставка има подолго време за загревање,
така што зрната имаат можност да апсорбираат вода и да се зголемат. Не е
препорачливо да ја користите функцијата за одложено стартување, бидејќи тоа
доведува до лоши резултати.
4. БРЗО (QUICK): мешање, подигање и печење на векна со сода бикарбона или
прашок за печиво. Лебот печен под оваа програма е обично помал и има погуста
структура.
5. СЛАДОК (SWEET): мешање, дигање и печење. Се користи за печење крцкав и
сладок леб.
6. УЛТРА БРЗ (Ultra Fast): мешањето, подигањето и печење завршува многу брзо.
Лебот е обично помал и со погуста структура од лебот печен на програмата
БРЗО (QUICK).
7. БЕЗГЛУТЕНСКИ (GLUTEN- FREE): правење на леб со брашно без глутен и
мешавина за печење. Брашното без глутен има потреба од повеќе време за
апсорпција на течности и има различни карактеристики за подигнување.
8. ТЕСТО (DOUGH): мешање и кревање, но без печење. Отстранете го суровото
тесто и обликувајте го во ролни, подлоги за пица, кифлички и слично.
9. ЏЕМ (JAM): готвење на џемови и мармалади.
10. ТОРТА (CAKE): месење, подигање и печење. Кревање без сода бикарбона и
прашок за печиво.
11. СЕНДВИЧ (SANDWICH): мешање, подигање и печење леб со мека текстура и
крцкава кора - идеално за правење сендвичи.
12. ПЕЧЕЊЕ (BAKE): само печење, без мешање и кревање. Исто така се користи за
продолжено време за печење при одредени избрани контроли.
7